Шахпаска: Градиме општество без предрасуди, општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира
„Република Северна Македонија е држава во која принципот на еднаквост и недискриминација се применува во сите области од општественото живеење: социјалната заштита, здравството, образованието, работните односи и правосудството. Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи е наш приоритет како Влада“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во видео обраќањето на виртуелната конференција организирана од Меѓународната Колиција за еднакви права во која членува и нашата земја.
Османи за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ: Процесот треба да се почне од нула
„Постигнавме етнички консензус. Никогаш државата не била вака едногласна. Најголемата грешка што може да ја направиме до сега, од една државна позиција која има кредибилитет пред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка. Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седната политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позција“, изјави Османи во „Утрински брифинг“.
Битиќи: Законот за отпис на камати ќе им помогне на повеќе од 150 илјади граѓани
„Начинот на спроведување на законот за отпис на камати е направен така да не се даде можност на некого дали тоа ќе се случи или не, туку има законски одредено време, односно 90 дена од стапување на сила на законот дека мора во суштина да се повикаат сите физички лица кои должат по основ на одредена давачка или данок и да се направи репрограм на основниот долг и отпис на каматата по основ на тој долг кој го имале без разлика на која институција, дали на локално, национално ниво, УЈП или други форми на органи на управа и затоа сметам дека колку побрзо се донесе законот, ќе зборуваме за навистина позитивни ефекти затоа што сметам дека сите заслужуваат после пандемијата да почнат еден нов момент во нивниот живот“, рече Битиќи.
Заев на средба со ССМ: Владата е на страната на работниците, социјалниот дијалог продолжува
„Владата останува главен поддржувач на работниците и сметаме дека синдикалното организирање е здраво за државата, како сериозен коректив во функција на балансирање при уредувањето на работничките права, во јавните институции и приватниот сектор“, рече Заев, кој нагласи дека социјалниот дијалог продолжува.
И. Крџиќ