Заев: Во добар амбиент и меѓусебна доверба лесно се решаваат дури и големите прашања
„Имаме постигнато договор за пет историски личности и за три историски периоди. Впрочем, заедно ги славиме. Нашите двајца претседатели беа во Ватикан и се поклонија пред Свети Кирил и Методиј и заедно го славиме тоа, како што е и Свети Климент и Наум, како што е и Цар Самоил. Таквите успеси треба да не мотивираат да одиме и понатаму затоа што низ овие експертски комисии тие работат на основа на факти и работат на основа на сознанија“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со бугарскиот премиер Стефан Јанев во Софија.
„Првпат во историјата на нашите билатерални односи, се конкретизираат нашите заложби и напори за поголема економска соработка преку воспоставување билатерални односи. Стопанската комора, која ќе има оперативини канцеларии во двете земји, ќе претставува нов мост кој ќе ги зацрвсти и продлабочи економските реалации помеѓу двете земји“, потенцираше вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.