• Latest

Изложба „Низ лавиринтот на ромската истоија – 5-те соби“: Лекциите од Втората светска војна остануваат ненаучени

August 3, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Изложба „Низ лавиринтот на ромската истоија – 5-те соби“: Лекциите од Втората светска војна остануваат ненаучени

August 3, 2022 14:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Лекциите од Втората светска војна за жал, остануваат ненаучени кога станува збор за Ромите. Ние уште се соочуваме со дискриминација, антициганизам и говор на омраза. Предрасудите и стереотипите поврзани со нашата етничка припадност остануваат примарна пречка на нашите напори за еднаков третман во остварување на нашите основни права и обврски, истакна Елвис Шаќири од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ во своето обраќање на изложбениот перформанс „Низ лавиринтот на ромската историја – 5-те соби“, пренесува МИА.

Оваа изложба е организирана од Здружението ромски деловен информативен центар на Македонија – ЗРДИЦМ и Мрежата за системски и трајни решенија, а под покровителство на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава. Изложбата се одржа во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по повод одбележувањето на Денот на ромскиот холокауст – 2 Август.

Според Шаќири, историската одговорност за барање на вистината, како и препознавањето на она што им е направено на Ромите, владите многу ретко ја преземаат.

– На 2 август во 1944 година над 4.300 Роми беа убиени во концетрациониот логор Аушвиц. Оваа трагедија не била настан во далечното минато. Овој настан бил само кулминација на континуираното угнетување кое за жал се случува до денешен ден, некаде со стари, некаде со нови форми. Холокаустот не започнал ниту завршил со Втората светска војна, туку имал длабоки историски корени и неговите наследства се уште се чувствуваат, рече Шаќири.

Нашата земја, како што напомена, се соочува со вистински предизвик да одговори на подемот на антициганизмот, говорот на омразата и дискриминација.

– На социјалните мрежи Ромите се секојдневна мета на закани за убиства истребување, па дури и оправдување за тоа што им се случило за време на Втората светска војна и поттикнување дека истото треба да се случи повторно, додаде Шаќири.

Напомена оти е потребно итно подигнување на свеста за Холокаустот врз Ромите и преземање на мерки за да не се повтори. Како што рече, потребно ни е признавање, сеќавање и комеморација за ромскиот Холокауст, за да учиме за иднината со сеќавање во минатото, и треба да дејстуваме во сегашноста за да го спречиме минатото да не се повтори во иднина.

Државниот секретар при Министерството за правда, Мухамет Точи во своето обраќање потсети дека во времето на Втората светска војна од 1941 до 1945 година, во времето на Холокаустот, според досегашните проценки, убиени се од 200 до 500 илјади Роми.

– Само ноќта меѓу 2 и 3 август во 1944 година во гасната комора во логорот Аушвиц биле убиени над три илјади Роми. Ден кој ние го нарекуваме пеколен ден. Денот на сеќавањето треба да не потсети на жртвите и тоа да биде ден кога никогаш не смее да се повтори, ден кој ќе не потсетува дека не треба да се омаловажуваме, да се угнетуваме и ден кој треба да не направи свесни за себе почитување и почитување на другите, додаде Точи.

Тој потенцираше дека прифаќањето на различностите е доблест и потреба. Токму заради тоа ги повика сите да ја разберат потребата и да бидат доблесни да ја прифатат различноста, за заедничко општество да се гради со љубов и почит кон другите.

– Денес ги повторуваме лекциите од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината која заеднички треба да ја избереме, да ја градиме. Поучени од ваквиот момент, од ваквото минато, омразата не е и не може да биде наш избор. Владеењето на правото мораме да го направиме достапно за сите, вклучително и за нас Ромите. Само единството, почитувањето и соработката може да даде плод за добро на секој од нас, појасни Точи.

Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Еран Куртиш во обраќањето на изложбениот перформанс информираше дека веќе втора година по ред како Агенција успеале преку Собранието да одвојат мал буџет за поддршка на невладините организации при креирање на настани кои се од огромно значење за помалку бројните заедници.

Потврди дека и во наредниот период ќе продолжат со вакви активности, со пружање на поддршка за помалку бројните заедници.

Советникот во Кабинетот на претседателот на Владата, Елвис Мемети, информираше дека покрај тоа што со одлука на Владата, 2 Август во државата се одбележува како Денот на геноцидот врз Ромите од Втората светска војна, исто така оваа година Владата ја усвои и рамката на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ