• Latest

Изложба за фреските во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

March 28, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изложба за фреските во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

March 28, 2018 08:48
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Музеј на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Обновување на сликарството на црквата ’Св. Ѓорѓи’ во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност во Македонија“, на која ќе бидат претставени резултатите од проектот „Македонски фрески – Маско 360“.

Проектот е реализиран од Здружението „Македонида“ од Скопје под раководство на д-р Панче Велков, во соработка со проф. д-р Филип Нивонер од Факултетот за христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот во Гетинген, Германија, а со поддршка на германскиот институт „Макс Планк“ и Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.

Фотографиите се направени во пролетта 2016 година, кога беа почнати конзерваторските работи во црквата во Курбиново. Притоа иконостасот бил изваден од црквата со што студентите од Гетинген имале единствена можност непречено да ги фотографираат светски познатите фрески во црквата во Курбиново која е ремек-дело на византиската уметност од 12 век.

Курбиново 1

Изложбата првпат беше поставена во јуни 2017 во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола, а овојпат неа ќе ја види и скопската публика во Музеј на Град Скопје. На отворањето ќе биде прикажана и кратка видеопрезентација која ги претставува резултатите од конзерваторскиот проект на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, кој го реализира надлежната институција Музеј и Завод-Битола под раководство на Ристо Палигора, советник-конзерватор во музејот.

– Оваа презентација е дел од поширока кампања за валоризација и промоција на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново и нејзината конзервација, која ја води здружението „Македонида“ во соработка со нашите германски и француски партнери. По претставувањето во Скопје, изложбата ќе патува во Минхен, каде на 7 мај ќе биде претставена во престижниот Универзитет „Лудвиг Максимилијан“, соопшти организаторот.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изложбаКурбиновоМузеј на Град Скопјесв. Ѓорѓифрески
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ