• Latest

Измени на Законот за извршување: Крај за должничките ропства под извршителите и брзите кредити

July 19, 2023

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ПРОПАГАНДАТА: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

August 26, 2025
Војо Маневски

Зимницата и тетратките бараат нови политики

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

August 26, 2025
Фото: СКриншот од видео на ВВС

Израелските семејства на заложниците во Газа ги блокираат главните патишта за време на протестите во градовите низ Израел

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Измени на Законот за извршување: Крај за должничките ропства под извршителите и брзите кредити

July 19, 2023 14:32
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за извршување, со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг на кредитот, тука застанува.

Даночниот експерт Павле Гацов за Фронтлајн вели дека со последните законски измени е уредено дека финансиско друштво не смее да склучи договор за потрошувачки кредит според кој вкупните трошоци по кредитот надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит.

„Ваквото лимитирање на трошоците на кредитот ги штити должниците од превисоките скриени трошоци што им ги наплатуваат финансиските друштва. Сепак и новото законско лимитирање според кое за земен кредит од 100 единици, должникот треба да врати најмногу 160 единици, не го прави посебно атрактивно појзајмувањето од овие субјекти, особено затоа што се работи за краткорочни, односно потрошувачки кредити. Мерката ќе ја лимитира профитабилноста во работењето на финансиските друштва, но нема да го загрози нивниот опстанок на пазарот. Се чини дека вакви мерки на законско лимитирање на каматни и трговски маргини е потребно да се донесат и за некои други дејности чија профитабилност руши рекорди, осносно што е пологично, државата да обезбеди механизми за збогатување на конкуренцијата на страната на понуудата и да го оневозможи олигополското здружување, односно однесување на некои деловните субјекти заради силно и заедничко профитно позиционирање на пазарот“, изјави Гацов.

Павле Гацов – даночен експерт

Измените предизвикаа позитивен ефект кај граѓаните (должниците) 

Од друга страна адвокатот Јасмин Калач вели дека овие измени предизвикаа позитивен ефект кај граѓаните (должниците), но постојат недоумици кои треба да се истакнат.

„Факт и неспорно е дека во минатото сме имале ситуации на легални злоупотреби со тоа што од страна на доверителите намерно се чекале по девет години и 11 месеци (со оглед на фактот дека застареноста за извршување беше 10 години) од правосилност на одлука за да се започне со постапка за извршување на одреден долг, при што во вакви случаеви каматите достигнувале вртоглави суми. Законодавецот сега требал и можел тука да интервенира и да определи дека (како мој предлог) Барање за извршување на определен долг заснован на судска одлука може да се поднесе во рок од 6 месеци од правосилноста на одлуката, со тоа што ваквиот тип на законски дозволени манипуплации кои се јавуваа во минатото лесно би се отстраниле, вели Калач за Фронтлајн.

Јасмин Калач – адвокат

Оправданоста на законодавецот за ваквите решенија, додава тој, е да се намали злоупотребата на правата, намалување од алтернативна можност за заработување од камати, и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција, што е сосема во ред.

„Но, со вака утврдената измена, на некој начин казнената камата ја губи својата функција и сметам дека ќе предизвика негативни финансиски импликации, со што несовесните трговци, поединци и граѓани ќе бидат дополнително поттикнати да не ги плаќаат своите долгови, наспроти оние што тоа навреме го подмирувале. Вака промениот рок, може да предизвика негативни финансиски последици, бидејќи голем дел од неплатените побарувања ќе треба да се отпишат, а дополнително на тоа, доверителите освен што ќе ги отпишат побарувањата, ќе бидат оптоварени со дополнителни извршни трошоци настанати во постапките за извршување“, нагласува Јасмин Калач.

Според него, со запирање на постапките извршителите ќе ги наплаќаат своите долгови од доверителите наместо од должниците.

„Мора да истакнеме дека постојат фирми кои како Доверители ефикасно, етички и брзо превземаат мерки за наплата на своите ненаплатени побарувања, но во пракса при таквото спроведување на извршувањата, истите остануваат без успех. Конкретно, доверителите-фирми, кога имаат ненаплатени побарувања (доспеани фактури) истите доставуваат опомени до должниците за доспеани фактури, се со цел во интерес на добрата деловна соработка и брз креирање на трошоци. Голем дел од правните субјекти или физичките лица кои должат – не го плаќаат долгот ниту во зададениот рок со опомената. Понатаму, доколку доверителите-фирми ги утужат, голем дел од должниците-фирми приговараат, па судската постапка трае по неколку години, а во меѓувреме правниот сбјект – должникот оди во стечај или пак централниот регистар му го брише субјекот по истекот на 3 години поради неподнесување на завршни годишни сметки, и доверителите не можат никако да ги наплатат своите побарувања“, нагласи тој.

Исто така, подвлече адвокатот, голем број на физички лица работат во странство (многу често и со пасош од една соседна земја), таму примаат плата, плаќаат даноци таму, а тука должат и нашите извршители немаат законска можност да им наплатат долг од тие пари, при што повторно доверителите не можат да ги наплатат своите побарувања.

„Излегува дека преку овие измени, сите кои ,,намерно,, должат ќе мора да добијат Решенија за прекин на извршувањето (доколку важи ретроактивно). Дури и определен долг да се наплати од страна на доверителите, доколку ја земеме во предвид инфлацијата и економската криза, произлегува дека должникот повторно бил во поволна положба. Сите кои живеат на туѓ грб ќе се ослободат од долговите и ќе се смеат дека ги измамиле доверителите. Ова е класична законска злоупотреба на правниот систем од страна на должниците. Како и доверителите, така и должниците ,,ги користат,, сите правни празнини во законите се со цел да ги искористат во своја полза. Од тие причини во правниот систем фигурира и Законот за финансиска дисциплина. Потребно е надлежните инспектори во пракса поефикасно да ги контролираат субјектите и да постапуваат поефикасно при неговото спроведување“, подвлекува адвокатот.

 Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ против придобивките на граѓаните 

Од СДСМ изјавија дека со драстично намалување на трошоците за брзи кредит, се прекинува „должничкото ропство“.

„Пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити. Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н. брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот. Со ова ја прекинуваме праксата со која за брз кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари. Ниту за овие закони не гласаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

СДСМ

Руски олигарх и брзи кредити во Северна Македонија 

Контроверзниот руски бизнисмен Олег Викторович Бојко кој се наоѓа на листа на санкции на три држави, поради поддршката на руската влада која изврши неиспровоцирана инвазија врз Украина, има фирма за брзи кредити во Северна Македонија, пишуваше во јануари Радио Слободна Европа (РСЕ).

Олег Викторович – Бојко

Тој во Северна Македонија преку „Диџитал Фајнанас Интернешнл“ ги поседува брендовите за брзи кредити познати како „Форца“ и „Креди“, а неодамна неговата фирма го најави и производот „Хипокредит“ со кој може да се подигне кредит до 65 илјади евра со залог од недвижен имот со рок на отплата до 15 години. Со пола милион евра влог фирмата „Диџитал Фајнанс Интернешнл“ е запишана во македонскиот централен регистар во 2016 година.

Милиони евра приходи, а пријавена загуба

За само пет години од основање на ранг листата од 35 финансиски друштва кои се занимаваат со брзи кредити во земјава, во 2021 година се искачи на седмото место со приходи од 2, 5 милиони евра. Но, добивката во завршната сметка изнесува само 10 проценти од приходот, односно 226 илјади евра, додека сето останато, во завршната сметка доставена до Централен регистар е заведено под расходи, пишува РСЕ.

Фирмата „Диџитал Фајнанс Интенешнл“ е дел од руската империја Финстар (Finstar Financial Group) со седиште во Москва, која има свои ќерки фирми низ Европа, САД, Азија, Латинска Америка.

„Диџитал Фајнанс Интенешнл посебно се фокусира на пазарите во земјите во развој, со цел да излезе во пресрет на финансиски потреби на клиентите од тие делови на светот“, се вели во објаснувањето на веб страницата на Форца, кое едвај може да се прочита од рекламите кои се појавуваат врз текстот со понуди за нов „бесплатен“ кредит.

Дестан Јонузи / Фронтлајн 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ