Израел ја одобри првата фаза од договорот за Газа, што ќе доведе до прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Би-би-си.
Прекинот на огнот требаше да стапи во сила откако израелскиот кабинет ќе даде одобрение – но очевидци за Би-Би-Си велат дека имало воздушни напади во делови од Газа преку ноќ.
Како дел од договорот, израелската војска мора да се повлече на линија што ќе ја остави под контрола на околу 53% од Газа – Хамас мора да ослободи 20 живи заложници во рок од 72 часа.
Потоа Израел ќе ослободи околу 250 палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори и 1.700 притвореници од Газа, изјави палестински извор за Би-Би-Си.
Стотици камиони со помош ќе носат и храна, лекови и гориво за двата милиони луѓе во Газа, од кои повеќето се раселени, велат од ОН.
Ова е важен момент – но тоа е прекин на огнот, а не мировен договор, пишува Лиз Дусет. Најтешките прашања се уште се на маса.
Д. Мишев