Израел вчера соопшти дека ги проширува операциите против вооружените палестински групи на окупираниот Западен Брег, распоредувајќи тенкови на северот на територијата за прв пат по две децении, објави Њујорк тајмс, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Министерот за одбрана, Израел Кац изјави дека на десетици илјади палестински жители раселени поради израелските воени акции во неколку градови на Западниот Брег нема да им биде дозволено да се вратат во своите домови. Министерството за надворешни работи на палестинските власти соопшти дека ги смета изјавите на Кац и дејствијата на Израел за „опасна ескалација“.
Распоредувањето на тенковите дојде откако минатата недела бомби експлодираа во три автобуси во Тел Авив. Полицијата соопшти дека уредите личат на оние направени на Западниот Брег. Во експлозиите нема загинати или повредени.
Израел го одложи ослободувањето на 620 палестински затвореници откако Хамас ослободи шест заложници во саботата. Секоја страна ја обвини другата за кршење на примирјето.
Вчера во Либан, Хезболах покажа демонстрација на сила со погребот за неговиот убиен лидер. Милитантната група се надеваше дека настанот ќе го оживее нејзиниот уништен имиџ.
Подготви: Д. Мишев