Повеќе од 400 луѓе се убиени во израелските воздушни напади врз Газа, според Министерството за здравство на Хамас, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Во објава на Телеграм, се вели дека 404 лица се убиени во израелските воздушни напади, додека на својот канал Whatsapp, Министерството дава малку повисока бројка од 413 загинати, додавајќи дека некои жртви се уште се заробени под урнатините.
Израелската војска соопшти дека напаѓа „терористички цели“ низ Газа, откако преговорите за продолжување на примирјето не успеаја – тоа е најголемиот бран напади од 19 јануари, кога започна прекинот на огнот
Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел „ќе дејствува против Хамас со зголемена воена сила“, обвинувајќи го Хамас за „повторено одбивање да ги ослободи нашите заложници“ и за отфрлање предлози за продолжување на примирјето
Хамас го обвинува Израел за напад на „безбранливи цивили“ и вели дека посредниците треба да го сметаат Израел за „целосно одговорен“ за „прекршување и поништување“ на примирјето.
Во новообјавеното соопштение, Хамас обвинува дека САД ја „сносат целосната одговорност за масакрите“ во Газа, откако се појавија извештаи дека Израел ги информирал САД за нападите пред да ги започне.
Координацијата на Израел со САД пред обновувањето на војната во Газа го потврдува „соучесништвото на Вашингтон во војната“, изјави во вторникот портпаролот на Хамас, Абдул Латиф Ал Кану.
Израел вели дека 59 заложници сè уште се држат во Газа, а се верува дека до 24 се живи – група што ги застапува семејствата на заложниците ја обвинува израелската влада дека избрала „да се откаже од заложниците“ со започнување нови напади.
Д. Мишев