• Latest

Изречени глоби и забрани при засилените контроли за спречување на аерозагадувањето

November 28, 2019

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изречени глоби и забрани при засилените контроли за спречување на аерозагадувањето

November 28, 2019 10:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изречени се повеќе глоби и забрани за утврдени инциденти и активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот и животната средина во повеќе општини минатата недела во рамки на активното спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето, информира владината прес-служба.

Овие мерки се предвидени во Програмата и Планот за чист воздух донесени од Владата, спроведени од комбинираните тимови составени од седум владини советници, кои во координација со сите инспекторати во државата вклучувајќи го и Министерството за внатрешни работи преземаат активности за спречување на загадувањето на воздухот.

-Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани, излегува на терен заедно со акредитирана лабораторија, спроведува вонреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер. Беа извршени вонредни инспекциски надзори во правни субјекти, обиколки на површини и диви депонии, како и контрола на начинот на кој се загреваат субјектите во повеќе општини низ земјата (меѓу кои Босилово, Виница, Тетово, Гостивар, Илинден, одделни општини во Скопје, Карпош, Центар, Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај, Конче, Куманово, Велес, Гевгелија…), информираат од Владата.

Во општина Велес, при надзор на инсталациите и објектите кои подлежат на Б-дозволи и eлаборати, биле изречени неколку мерки, меѓу кои спогодување за плаќање на глоба во износ од 50.000 евра на прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ АД Велес, која треба да се плати на сметка на Буџетот на РСМ во рок од 15 дена за пожарот во Б-инсталацијата со кој се предизвика значително негативно влијание врз животната средина и амбиентниот воздух.

Изречена е забрана за употреба на опрема за дробење во еден правен субјект – Б инсталација за сепарирање на песок, решение за отстранување на недостатоци кај автомеханичарска работилница, решение за постапување со отпад од вршење на дејност во работилница, како и одземање на железнички прагови и нивни делови пронајдени кај физичко лице кои биле користени за греење.

Во дел од општините биле издадени известувања до правните субјекти да се придржуваат до наведените мерки од нивните Елаборати за заштита на животната средина, иако не биле констатирани видливи траги на загадување на воздухот.

-Компаниите кои немаат извршено мерења на емисии во воздух со решение беа задолжени да ги извршат истите според дозволата која ја поседуваат, беа изречени усни опомени за несоодветно распоредување на отпад, како и опомени за отстранување на хаварисани, нерегистрирани возила. Секојдневни интензивни контроли од тимовите составени од инспектор за животна средина и комунален инспектор и редар се вршат во речиси сите општини во државата и за тоа се испраќаат извештаи до Канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ. Контролирани беа сите места во градот кои се потенцијални извори на загадување, како земјоделски земјишта каде се палат стрништа, угостителски објекти каде се појавил чад, како и обиколка и контрола на фабрики по поднесена пријава дека е забележан чад или непознат мирис, информираат од Владата.

Во дел од општините, како во општина Конче, на огласните табли биле поставени соопштенија за забрането палење на стрништа, депонии и друг вид отпад.

За да ја олесни комуникацијата и да ги охрабри сите засегнати граѓаните, со цел континуирано да се спроведуваат активностите за борба против аерозагадувањето, Инспекторатот на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук постирал упатство во кое се даваат насоки како граѓаните побрзо и поефикасно да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух.

Во постот до граѓаните, се објаснува како на едноставен начин секој може да се вклучи во пријавувањето на загадувачите, со испраќање фотографија и податоци за локацијата на загадувачите, со што ќе се овозможи побрза реакција на инспекторите и откривање на загадувачите.

Во наредниот период, најавуваат од Владата, надлежните ќе продолжат со вршење на вонредни инспекциски надзори во правни субјекти кои поседуваат Елаборат за заштита на животна средина секаде каде што има појава на емисии во амбиенталниот воздух, ќе контролираат површини каде постојат депонии и стрништа и редовно ќе известуваат за преземените интервентни акции.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ