• Latest

Извештај: Воспитно-поправните домови несоодветни за младите, ресоцијализацијата неуспешна

December 18, 2019
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештај: Воспитно-поправните домови несоодветни за младите, ресоцијализацијата неуспешна

December 18, 2019 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Воспитно и казнено поправните домови не се соодветни за подобрување на состојбата на младите со девијатно однесување, процесот на ресоцијализација не е успешен, а на тоа влијаат критиките од средината. Тоа се дел од оценките изнесени денеска на презентацијата на научно-истражувачкиот извештај за заклучоците од проектот „Маргинализацијата и девијантноста на младите во судир со законот во воспитно-поправните и казнено-поправните домови“.

– Со самото тоа што младите извршуваат кривично дело се исклучуваат од заедницата, формираат свои криминални друштва каде стекнуваат некаква припадност, заедницата ги исклучува преку тие процеси на стигматизација и на крајот системот, односно казнено-правниот систем,  оцени проф. д-р Весна Стефановска, еден од авторите на научно-истражувачкиот извештај.

Авторите на извештајот спровеле теренско истражување со длабински интервјуа со 17 штитеници од домовите.

– Социјалното исклучување не е само причина за девијатното и криминалното однесување, туку тоа и продолжува во текот на криминалната кариера и последица. Во суштина самото изрекување на заводска мерка, на казна затвор на некој начин преставува исклучување. Дури и по излегување тие можат да се соочуваат со стигмата на социјално исклучени лица. Меѓутоа, маргинилизација и заборавеноста се чувствува и во воспитно-поправниот дом. Тие се повторно отфрлени од семејството и заборавен, наведе Стефановска.

Според неа, постои свест дека процесот на ресоцијализација не е успешен.

– Постои свест и од системот и од персоналот дека овие домови не се содветни место за нив, сепак се упатуваат тука и на крајот процесот на ресоцијализација е неуспешен. Овие домови никако не се соодветни или пак треба да има специјален институциски третман кон овие категории на деца, рече авторката Стефановска.
Проф.д-р  Саше Герасимоски, рецензент и промотор  на извештајот, рече дека суптилната и отворената фундирана критика на општеството во целина, односно на институциите и на средините на социјализација, факторите на социјализација примитивно потфрлуваат и се причина за тој синџир на овие понатамошни негативни настани што се случуваат со младите деца, односно маргинализацијата и девијантноста.

– Семејството, врсничките групи, училиштето кои наместо да бидат средини на заштита во коишто децата ќе добиваат топлина, разбирање, да се чувствуваат сигурни, тие напротив сите проблеми кои ги предизвикуваат понатака и со кои државата со истите мора да се справува всушност потекнуваат од несоодветното  вршење на социјализаторската функција на овие средини, рече Герасимоски.

Рецезентот проф.д-р Марија Ралева, смета дека во понатамошните апликативни цели овој извештај треба да биде земен во предвид во повеќе области кои се рефлектираат во него: право-законодавните, јавно-здравствените и социјалните политики и програми кои се изготвуваат за работа со млади со девијантно и антисоцијално однесување, нивен третман, рехабилитација и на превенција на ваквото однесување кога се работи за индицирана превенција со програми наменети за популација млади под ризик.

Авторите на истражувачкиот извештај препорачува овој проблем мора да се разгледа во поширок општествен и социјален контекст, а казненото право, односно системот за правда на деца да ја задржи и засили своијата социјална и хумана димензија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ