• Latest

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

June 3, 2019
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

June 3, 2019 08:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, кои произлегоа од Извештајот на Европската Комисија за 2019 година, кој беше објавен во средата.

Во препораките на ЕК во делот за животната средина и климатските промени стои дека земјава мора да ги примени мерките за подобрување на квалитетот на воздухот преку обезбедување соработка и координација меѓу властите на државно и на локално ниво, но и да обезбеди доволно средства за реализација на тие мерки. Исто така, на Македонија ѝ се препорачува спроведување на усвоените планови за управување со отпад, како и развивање Национален план за енергија и клима, за да ги исполни своите обврски од Парискиот договор и Рамката ЕУ 2030.

Во однос на аерозагадувањето, во Извештајот на ЕК се вели дека недостигот на административни и на финансиски ресурси сериозно го загрозува спроведувањето на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот. „Нивото на аерозагадување останува и натаму високо во најголемите градови“, стои во Извештајот, кој посебно ги апострофира слабостите на мрежата за мониторинг на квалитетот на воздухот – државните мерни станици, наведувајќи дека недостигот, пред сè на човечка, но и на техничка и финансиска поддршка во изминатава година, резултирало со прекини во мерењата на загадување на воздухот.

Само за потсетување, во Скопје две од вкупно седумте мерни станици на Министерството за животна средина речиси цела година се надвор од функција, поради дефект. Се работи за мерни станици лоцирани токму во најзагадените делови на Скопје – Гази Баба и Ново Лисиче, додека во дел од мерните станици недостигаат сензори кои мерат поединечни параметри од загадувањето.

О2 Иницијативата уште пред шест месеци предупреди дека од вкупно 18 мерни станици во мрежата на МЖСПП, на 10 не им работат еден или повеќе инструменти. Заменик министерот Јани Макрадули во ноември најави набавка на инструментите потребни за замена на оние кои се во дефект, на почетокот на 2019 година. „Во 2019 година со буџетските алокации и со помошта што ќе ја добиеме од европските партнери, дел набавката на комплетно нови инструменти ќе биде направена брзо на почетокот на 2019 година“, изјави тогаш Макрадули за „Мета“.

За ЕК малите хидроцентрали прифатливи ако се според ЕУ стандардитe

Во извештајот се допира и актуелната тема со спорната изградба на малите хидроцентрали во заштитените подрачја во државата. И, додека во Извештајот на ЕК се потсетува дека инвестирањето во хидроцентрали во Македонија треба да биде во склад со релевантните ЕУ директиви за животната средина, Европската комисија сепак не гледа проблем во тоа што таканаречените фид-ин повластени тарифи за производство на електрична енергија од обновливи извори и натаму се однесуваат и на малите хидроцентрали. Екологистите повеќепати истакнувале дека токму фид-ин тарифите со кои се откупува произведената струја по субвенционирана цена од МХЕЦ се мотивот за изградба на преку 80 вакви објекти, изградени на мали, планински реки, често и во заштитени подрачја.

Ова е голем пропуст на Европската Комисија.Иако со новата Уредба за мерки за поддршка се воведуваат премии и за соларна и ветерна енергија, повластените тарифи остануваат непроменети за хидро, биомаса и биогас – смета Давор Пехчевски од невладината „Еко-Свест“, која заедно со неколку други еколошки здруженија веќе неколку години се борат за запирање на изградбата на мали хидроцентрали во заштитените подрачја каков што е Националниот парк „Маврово“.

Екологистите сметаат дека владината уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори, донесена минатата година, несоодветно ја фаворизира изградбата на малите хидроцентрали, кои потенцијално го загрозуваат биодиверзитетот и природните реткости во Македонија и неоправдано ги ставаат во втор план вистински обновливите и за животната средина нештетни извори на енергија какви што се биомаса, биогасот, соларната енергија и ветерот. Според „Еко-Свест“, ваквата стратегија на Владата е спротивна на Насоките на ЕК за државна помош за заштита на животна средина и енергија 2014-2020, кои се обврзувачки преку договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ)./мета.мк

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ