• Latest

Извршителите од должници наплатиле околу 127 милиони еврa

August 6, 2019

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извршителите од должници наплатиле околу 127 милиони еврa

August 6, 2019 11:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата година извршителите наплатиле околу 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и другите должници. Ова, според Годишниот извештај на Комората на извршители, е реализирано само од 55,69 отсто од 112.250 барања за извршување, јавува МИА.

Најмногу пари во 2018 година извршителите наплатиле од должници правни лица – 78.778.108,46 евра, потоа од физички лица износ од 33.432.971.41 евра, а од државата – 15.946.914,89 евра.

Во Годишниот извештај наведено е дека најдобра наплата имаат извршителите од Штип и Свети Николе со реализација на наплатата на долговите од 21,12 отсто, додека најслаба наплата има во Велес, Кавадарци Неготино, каде е реализирана наплата од 5,81 од долгот.

Според времетраењето на наплатата на долгот, над една година траело извршувањето на 37.775 предмети, 4.655 предмети биле извршени за период од шест месеци до една година, 3.981 предмет се извршени за период од три до шест месеци, а за три месеци се извршени 16.061 предмет.

До Комората на извршители во текот на минатата година биле доставени вкупно 255 претставки од странки против извршителите.

Од вкупниот број на претставки примени во текот на 2018 година, четири претставки остануваат нерешени и се префрлуваат за следната 2019 година, а три претставки префрлени од 2017 година, биле решени во 2018 година. Вкупниот број на решени претставки од страна на претседателот на КИРМ, во рамки на оваа извештајна година изнесува 254, неведено е во Годишниот извештај.

Во извештајната година има регистрирано вкупно 97 извршители, кои се распоредени на 11 подрачја на основните судови во државава.

Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ