Kандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, од ГРОМ на заедничката средба (на 23.10.2021) со кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, со жителите на Жданец, излезе со фантастични тврдења дека со возило на интервентна полиција се делат пари од дилери на дрога од Сарај за изборен поткуп. Се разбира, своето тврдење „го поткрепи“ со зборовите дека „информациите му се сигурни“.
„Поголема количина пари од дилери на дрога од Сарај, денеска се земени за купување гласови во Карпош и тие средства се пренесени со возила на интервентата полиција. Овие информации ми се сигурни, добро е обвинителот кој е задолжен за оваа работа да нè исконтактира да му дадеме дополнителни информации. Карпошани не се сиромашни, сиромашни се само тие што се сиромашни во духот“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, од ГРОМ на заедничката средба (на 23.10.2021) со независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, со жителите на Жданец.