„Денес во Скопје имаме и состанок за отварањето на новиот граничен премин на Маркова нога. Можеме да соработуваме во многу области. Јасно е дека заедно можеме подобро отколку одделно. Многу е убаво да ги видиме младите од нашите две земји дека сакаат да воспостават соработка меѓу себе“, изјави грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис на настанот “Билатерални Канцеларии за Младинска Соработка помеѓу Северна Македониja и Грција“ во организација на Младински Сојуз од Крушево во партнерство со УНЕСКО Младинскиот Клуб од Солун и Фондацијата Фридирх Еберт, канцеларија Скопје.
М. Ивановска