„Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажала на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што била веднаш отстранета од судењето за „Рекет“, пренесува СДК.
Како што пренесува медиумот, на крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облекла капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почнала да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.
По навредите од Јанева, судијката наредила да биде изнесена од судницата, а на излегување Јанева дошла кај новинарите, застанала неколку секунди и рекла:
„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.