• Latest

Јаневска за назначувањето на Богојески: Доколку е се во ред и тој е деполитизиран, ќе немаме проблем

April 11, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јаневска за назначувањето на Богојески: Доколку е се во ред и тој е деполитизиран, ќе немаме проблем

April 11, 2025 13:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека не може да коментира работа на директор кој е на функција два дена, одговарајќи на новинарско прашање за назначувањето на Петар Богојески за раководител на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

По реакциите дека Богојески во јавноста често изнесувал антиалбански ставови, поради што вчера одлуката на Владата за негово назначување ја осуди Демократската унија за интеграција, Јаневска денеска рече ги слушнала реакциите и дека ако се појават проблеми ќе бидат преземени мерки.

– Не би можела да ја коментирам работата на директор кој е поставен пред еден или два дена. Ја слушам реакцијата и, оттука, како и сите други, ќе се следи работата на директорот. Доколку е се во ред и тој е деполитизиран, ќе немаме проблем. Ако има некакви други проблеми, ќе се преземат мерки. Политичките партии имаат удел во функционирањето на Владата, но кога поставуваме функционери ги поставуваме да бидат непартиски и да си ја вршат работата за којашто се поставени и таму да организираат и да спроведуваат закони и да работат најдобро што можат, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Економски форум организиран од „Фајнанс тинк“.

ДУИ вчера соопшти дека „најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојески за раководител на Агенцијата“ и дека „именувањето на човек кој целата своја јавна и политичка кариера ја изгради со навреди и омаловажување кон Албанците, претставува директна провокација не само за Албанците во Северна Македонија, туку и за самата европска идеја во земјава“.

ДУИ во реакцијата ја прозва и коалицијата Вреди (Влен), партнер во Владата, дека Богојески „со нивна поддршка е награден со водечка функција“.

Коалицијата Вреди, пак, вчера возврати дека „има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојески“ за кого посочи дека „неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања“.

-Прашањето е зошто ДУИ не го прашала Талат Џафери – како Богојески бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков?, наведе, меѓу другото, Вреди во нивната реакција.

На осудата на ДУИ вчера реагираше партијата на Богојески – Македонски концепт, според која „ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси“.

-Последниот напад врз д-р Петар Богојески е директен доказ дека ДУИ не сака и не прифаќа политичари кои отворено, чесно и бескомпромисно се борат за македонските национални интереси. Наместо да се соочат со сопствениот придонес кон корупцијата, партизацијата и злоупотребата на европските фондови, тие избраа да напаѓаат човек чија мисија е токму  да стави крај на тие злоупотреби, реагираше партијата на Богојевски.

Извор: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ