„Со ИПА 2 проект, во кој Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот беше носител, а партнери беа Туристичката организација на Градот Солун и Италијанско-грчката туристичка комора, заедно со Грција работиме и го привршуваме проектот во кој двете дестинација ги промовираме како една“ рече директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски на трибината „Ние сме Европа“ во Охрид.
Тој додаде дека во февруари во Милано двете држави ќе бидат претставени како едиснтвена туристичка дестинација.
„После толку години кошкање и недоразбирања сега ќе се промовираме како една туристичка дестинација. Тоа се придобивките и треба да сме горди на чекорите со кои чекориме кон Европа“ рече Јаневски.
Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот доаде дека земјава во 2021 година била во првите пет во светот по растот на бројот на странски туристи, додека во 2022 година во првите десет.