ДЕХРАН МУРАТОВ
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која до неодмна издржуваше затворска казна, во нејзиното прво гостување по победата на ВМРО-ДПМНЕ, на поткастот „Претрес“, меѓу другото зборуваше и за „бомбите“.
Јанкулоска нагласи дека „МВР – МВРО“ што се слушна на „бомбите“ било лапсус и „шала на нејзина сметка“ и дека немало кол-центар на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на министерството.
Сепак, Јанкулоска не одговори на прашањата:
„Некое ливче нека снема“?
„Циган по циган за уши и право на гласање“?
„Човечињата се држат за раце влегуваат и си гласаат, патент на уста“?
„Имаме по 50 души во стан од 40 квадрата“…
Ова се само дел од прашањата кои очекував дека ќе ги одговори, но не и беа поставени…
Во бомбите слушнавме и како Јанкуловска бараше „да се направи список и да се сотрат политичките неистомисленици“, сепак, таа упати апел до сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојдат на власт да не прават политички реваншизам, прогон и пресметки со неистомислениците.