ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Деполитизација на училиштата“, на 24 септември (петок), во 12 часот во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
На панелот ќе се разговара за штетноста на повеќе од видливата политизација на образовниот кадар во училиштата, во основното и средното образование во земјава.
Која е формулата со која конечно ќе можат образовните институции, а со тоа и учениците, да се ослободат од политичките, односно од партиските стеги, како до квалитетен и попрофесионален наставен кадар ослободен од секакво политичко влијание, се прашањата околу кои ќе се дискутира на панелот.
Учеснички на панелот ќе бидат проф. д-р. Мирјана Најчевска, проф. д-р. Јасна Бачовска, проф. д-р. Катерина Колозова и Џабир Дерала, ЦИВИЛ. Дискусијата ќе ја води Зоран Иванов.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ, а содржините од панелот ќе бидат објавени на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, на македонски јазик, и drejt.mk на албански јазик.
Панелот е дел од проектот Европски перспективи, кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.