Продолжува серијата настани под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“, утре, 9 март во 13:30 часот со онлајн панел дискусија на тема „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.
На панелот ќе се отворат прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените, зошто еднаквоста на жените во секој аспект е се уште на декларативно ниво, за причините, дејствијата и решенијата по ова многу важно прашање. Учеснички на панелот ќе бидат г-ѓа Савка Тодоровска од СОЖМ, Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ, Дороти Пачкова од „Една може“, и Мерсиха Смаиловиќ од Легис. Настанот ќе го модерираат Џабир Дерала и Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Панелот ќе трае 60 минути и ќе биде пренесен во живо на онлајн платформите на ЦИВИЛ.
Овој настан е продолжение од серијата онлајн настани на ЦИВИЛ под заеднички назив „Во фокусот“. Серијата настани е дел од активностите на ЦИВИЛ што се поддржани од програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.