• Latest

Јавна расправа во Собранието за законите за отпад бараат здруженија на граѓани и високообразовни институции

July 8, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Јавна расправа во Собранието за законите за отпад бараат здруженија на граѓани и високообразовни институции

July 8, 2021 12:49
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓански организации и високообразовни институции денеска преку соопштение бараат да се одложи второто читање на Законот за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување, закажано за утре во собраниската Комисија за европски прашања и претходно да се организира јавна расправа. Јавната расправа да биде закажана по завршување на периодот на летните одмори, со цел присуство на сите релевантни чинители.

Главни аргументи на поднесувачите на барањето се дека законите се од широк интерес и директно и длабоко нè засегаат сите, зошто, посочуваат, прашањето на отпад го живееме секојдневно преку нерешените диви и нерегуларни депонии, прекумерниот отпад кој завршува на нив, пластиката, гумите, опасниот отпад, неговото горење, загадувањето кое го врши врз почвата, водите и воздухот, негативниот ефект врз нас и целиот жив свет.

„За вакви закони Собранието е должно да спроведе јавна расправа и да ги земе предвид изнесените мислења и предлози“, се наведува во соопштението.

Понатаму се посочува дека реакциите во јавноста се силни за одредбата во предложениот Закон за управување со отпад со која, се наведува, повторно ќе се дозволи увоз на отпад како енергенс, откако после силен јавен притисок се забрани ваквиот увоз во сегашниот закон само минатата година. Овие реакции и барања пратениците да се произнесат по оваа одредба, како што упатуваат забелешка, не наидоа на слух кај избраните претставници на граѓаните во Собранието, припадници на партиите од владејачкото мнозинство.

Со новиот Закон за управување со отпад, се додава, опасниот отпад ќе се редефинира и можно е она што денес е забрането да се увезува, согорува и сл., да се дозволи. Се редефинираат и условите за депониите за опасен отпад, кој може да ги основа и управува со нив. Ова е горливо прашање за граѓаните, со оглед на големиот број негативни искуства во овие области.

„Потребно е дефинирање на што подобра контрола на управувањето со отпадот и негова имплементација на терен, нешта кои хронично ни затајуваат, а кои не смееме да ги дозволиме кога отпадот е во прашање. Пластиката за еднократна употреба е огромен проблем. ЕУ во 2019 год. донесе Директива со која воведе забрана на 10 типа на пластични производи за еднократна употреба. Новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување не го рефлектира ова“, се наведува во аргументите за потребата од јавна расправа за посочените закони за третирање отпад .

Станува збор за 31 невладини организации, здруженија на граѓани и високообразовни институции, од кои голем број се дел од граѓанската Алијанса за застапување и лобирање „Разбистри сè“ што испратиле допис до претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми, претседателот на Собранието Талат Џафери, пратениците во Собранието, претседателот на Влада Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, да се одложи второто читање на законите. Тие бараат да се организира собраниска јавна расправа каде, како што стои, експертската јавност и граѓанските здруженија можат да ги изнесат мислењата и предлозите за менување и подобрување на законите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ