Апелација денеска ќе се одржи јавна седница за разгледување на барањето Борјан Јовановски за укинување на мерката притвор.
Кривичниот суд веќе му ја продолжи мерката притвор од 30 дена на Јонвановски, како првоосомничен во случајот „Рекет“.
Јовановски уште не дал исказ пред Обвинителство иако веќе изврши увид во доказниот материјал.
Во домашен притвор засега е само Зоран Милевски – Кичеец, а на Катица Јанева се одби барањето за укинување на притвор.