• Latest

Јавното обвинелството против повторното изведување докази за „Тортура“

July 8, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јавното обвинелството против повторното изведување докази за „Тортура“

July 8, 2021 11:38
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство смета дека сите битни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосно јасна и концизна, поради што не предлага повторно изведување на докази, изјави обвинителот Љубомир Лапе на преотворената постапка на судењето за предметот „Тортура”.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, е вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако
судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите и закажа ново рочиште.

Обвинителот Лапе, на денешното рочиште, рече дека околностите кои судот смета дека треба да се дообјаснат, за тоа кој од обвинетите кое дејствие го преземал, веќе се веќе јасни и утврдени.

„Сметам дека обвинетите се поединечно наведени и дека сите употребиле прекумерна физичка сила и го легнале пред камера, знаејќи дека се снима и со тоа заедно го сториле делото“, изјави Лапе.

Во поглед на околноста, кој обвинет и кое дејствие со колкав интензитет го презел, обвинителот Лапе, рече дека тоа јасно се гледа од видео снимката, како и од исказот од тројца сведоци.

„Во поглед на интензитет на дејствијата сметам дека тоа е емпириски немерлива категорија, туку се гледа дали оставиле трага или страдање врз жртвата“, нагласи Лапе.

За одредување на интензитетот на жртвено страдање, според меѓународните конвенции, тој посочи дека значајни се траењето, физичките и духовни ефекти, полот и возраста на жртвата, здравствената состојба, начинот на извршувљње и употребените методи.

„Делото е сторено секако. Прашањето е само за одредување на видот и висината на казната. Со ова се дава одговор и на околноста за видот и употребената сила и закана“, изјави Лапе.

Постојат, рече Лапе, разни техники на нехуман третман, што во себе опфаќаат минимум физичка сила, а ефектот врз жртвата се постигнува, како што е чувство на страв, несигурност, пониженост и инфериорност.

„Вештачењето на институтот за судска медицина и вешти лица од областа на псохијатрија, поткрепени со искази на затворскиот доктор и психијатар, како и исказот на жртвата Љубе Бошковски се повеќе од доволни дека ваквиот начин на апсење со малтретирање, застрашување и понижување пред камера кај оштетениот предизвикале душевно страдање од висок степен, еднакво на смрт на близок член на семејство“, изјави Лапе.

Случајот „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО.

Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата ,,Алфи”.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ