Новиот Индекс на демократија кој се однесува на 2016-та година, а го објави британски „Економист“, ја оценува Македонија како „хибриден режим“, со што таа е на 95-то место од вкупо 165 држави кои се оценети со индексот.
Минатата година Македонија беше позиционирана во групата на „проблематични демократии“, со оценка 6.02, а годинава е оценета како „хибриден режим“, со оценка – 5.23. Годинава, Македонија има најлоша оценка која следи по континуираниот пад од 2006-та (6.33) до 2016-та.
Хибридните режими, според „Економист“, се карактеризираат со нефер и проблематични избори, проблеми со владеењето на демократијата, притисоци од владеачките партии, непочитување на владеење на правото, притисоци врз новинарите и судството, слаба политичка култура, корупција и слаб граѓански сектор.
Македонија е во оваа групата „хибридни режими“ со Црна Гора, Украина, Грузија, Киргистан и Пакистан.