ЦИВИЛ – Центар за слобода дојде до ексклузивни фотографии од крвавиот напад на Собранието и обидот за убиство на пратеници од редовите на новото парламентарно мнозинство, на 27 април. На фотографиите е групата напаѓачи на пратеникот Зиадин Села.
Според доверливи извори, едно лице кое се наоѓа на овие фотографии сè уште не е идентификувано. Постои голема сличност меѓу тоа лице и лицето на фотографијата најдолу.
ЦИВИЛ ја користи и оваа прилика да ги повика институциите да ги извршат своите законски обврски и да ги приведат извршителите, организаторите и нарачателите на овој акт на тероризам.