• Latest

ЈО: Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка​

June 11, 2020
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЈО: Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка​

June 11, 2020 13:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Општина Сарај за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Иницијативата за кривично гонење ДКСК ја поднесе против градоначалникот поради сомненија дека свесно и намерно не презел дејствија и не донел конкретни управни акти во постапките за утврдување на правниот статус на бесправно изградени објекти, со што на физички и правни лица им овозможил бесправно да изградат деловни објекти од локално значење и времени објекти – платформи на езерото Матка, да стопанисуваат со нив и да остваруваат противправна имотна корист за себе и за друг.

-Постапувајќи по поднесената пријава, надлежниот јавен обвинител поднесе барање за собирање потребни известувања до Државниот управен инспекторат и до градоначалникот на Општина Сарај, до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и до Општина Сопиште. Од податоците доставени од Државниот управен инспекторат произлезе дека инспекторите од овој инспекторат извршиле вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај во врска со постапувањето во наведените предмети, при што на 10.06.2019 година бил составен записник со наод за утврдена состојба и констатирани недостатоци во управното и канцелариското работење. Притоа било донесено решение со кое градоначалникот на Општина Сарај бил задолжен да преземе мерки и дејствија во негова надлежност и во определен рок да ги отстрани недостатоците. На 21.08.2019 година инспекторите извршиле контролен инспекциски надзор при што е утврдено дека градоначалникот целосно постапил по решението на Државниот управен инспекторат и ги отстранил претходно утврдените недостатоци и против него не се преземени наредни дејствија, соопшти ЈО.

Од доставените известувања од градоначалникот на Општина Сарај, се вели во соопштението, произлегува дека во првите четири предмети, по спроведена постапка, донесени се решенија со кои се одбиваат барањата за легализација, по кои решенија подносителите на барањата доставиле жалби до Министерството за транспорт и врски.

-И покрај вложената жалба, Општина Сарај на 16.09.2019 година распишала јавна набавка за уривање на овие објекти, но на јавниот повик не се пријавил ниту еден економски оператор. Од овие причини Општина Сарај се обратила писмено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам заради помош за отстранување на платформите. Инспекторатот ја известил општината дека се работи за објекти од локално значење за кои е надлежна општината и воедно ги предупредил дека кон уривање на објектите може да се пристапи само по конечноста на донесените решенија, стои во соопштението.

Во однос на петтиот предмет, се додава, решението за легализација било донесено од претходниот градоначалник на Општина Сарај во 2017 година, но по поднесена иницијатива на МПЦ – Охридска Ахиепископија решението е огласено за ништовно со пресуда на Управниот суд.

-Во врска со шестиот предмет опфатен во кривичната пријава, произлегува дека од Општина Сарај е составен записник за констатација, но за овие платформи одлучувала Општина Сопиште. Донесеното решение за легализација во овој предмет од страна на Одделението за урбанизам на Општина Сопиште подоцна било поништено од градоначалникот на Општина Сопиште, а по жалба во предметот одлучувало Министерството за транспорт и врски, се нагласува во соопштението.

Како што се посочува, Општина Сарај во врска со изградените платформи се обратила и до Град Скопје и до Министерството за животна средина за да провери дали од нивна страна биле издадени одобренија на лицата подносители на барањата за легализација да вршат превоз со чамци од манастирот Св. Андреја до пештерата Врело. Имено, контролата на превозот со чамци е во надлежност на Министерството за животна средина, кое презема мерки согласно Законот за води, доколку се констатираат прекршоци од конкретни сторители.

Државниот инспекторат за животна средина исто така вршел инспекциски надзор, по што до Општина Сарај доставил известување со насоки за натамошно постапување во однос на барањата за легализација, во кое се наведува дека против општината нема да биде покрената инспекциска постапка, бидејќи не се утврдени недостатоци во нивното работење согласно Законот за води.

-Проучувајќи ги сите овие наводи, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани суптествените елементи на кривичните дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Несовесно работење во службата, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, потенцираат од ЈО.

Во случајот, прецизираат, градоначалникот во рамките на своите надлежности, спровел процедури согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти и донел негативни решенија по барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка. Постапката, согласно закон, продолжува во Министерството за транспорт и врски, а потоа и пред Управен суд. Со своето постапување пријавениот не прибавил противправна имотна корист за себе или за друг, ниту причинил штета за кој било субјект.

-Во однос на самите баратели или градители на бесправно изградени објекти на подрачјето на кањонот Матка, нивното постапување е предмет на проверки во друг предмет пред Основното јавно обвинителство Скопје за кој во тек е предистражна постапка. По преземање на потребните дејствија  и комплетирање на документацијата, обвиинителството во овој предмет ќе донесе соодветна одлука согласно Законот за кривична постапка, информираат од ЈО. 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ