Новинарот Дестан Јонузи, јавно изрази загриженост за растечкото влијание на Иран во Северна Македонија, повикувајќи на конкретни дејства од политичките елити во земјата.
Во својата изјава, тој апелира дека покрај декларативната поддршка кон стратешките партнери – САД и Европската Унија – во борбата против нуклеарното оружје, институциите во земјата треба да преземат мерки за да го спречат ширењето на иранската идеологија.
Јонузи нагласува дека политичките партии кои имаат какви било врски со Иран или кои помагаат во ширењето на нејзината идеологија треба да бидат санкционирани со закон.
Тој изрази посебна загриженост и за некои медиуми во земјата, кои, според него, можеби се финансирани од сомнителни ирански извори и во многу случаи придонесуваат за ширење на руската пропаганда.
Мора сериозно да се истражат оние медиуми што имаат врски со валкани пари од Иран и кои работат во служба на странски идеолошки интереси. Тоа е прашање на национална безбедност, истакна Јонузи.
Оваа реакција доаѓа во време кога регионот се соочува со бројни предизвици во сферата на безбедноста и информирањето, што ја наметнува потребата од посилни институционални механизми против надворешни влијанија.
Извор: Фронтлајн