• Latest

Јовески: Недвојбена е оценката за работата на Јавното обвинителство во Извештајот на Стејт департментот

April 8, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јовески: Недвојбена е оценката за работата на Јавното обвинителство во Извештајот на Стејт департментот

April 8, 2021 16:45
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во 2020 година, во кој во делот за Република Северна Македонија се нотира пречекорување на роковите за истраги, била тема на денешниот онлајн состанок на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески со јавните обвинители на јавните обвинителства во Република Северна Македонија.

Јовески од јавните обвинителства во државава, како што e наведено во соопштението од ЈОРСМ, побарал да направат увид во предметите во кои е детектирано продолжување или пречекорување на роковите за истрага со цел да се утврдат причините за тоа, како и можностите за надминување. Според Јовески, оценката изнесена во Извештајот на Стејт департментот е недвојбено објективна, а бројните предизвици со кои се соочуваат обвинителите во работата не смеат да бидат оправдување за пролонгирање на постапките.

„Апелирам на одговорност, совесност и чесност со цел враќање на угледот во професијата. Тоа можеме да го направиме само со ефикасност на постапките“, истакна Јовески.

Тој побара од сите обвинители да вложат максимални напори за поефикасно гонење на криминалот, а соработката со Министерството за внатрешни работи и со другите институции да се унапреди и да се одржува на високо професионално ниво.

„Современиот вид на криминал обвинителството не може самостојно да го истражува, неопходна е меѓуинституционална соработка“, истакна Јовески.

Токму соработката со другите институции, покрај актуелната епидемиолошка состојба во државата, беше наведена како клучен елемент за долгото траење на одредени истражни постапки. Обвинителите се соочуваат со проблеми заради долготрајни вештачења од определени институции, како и со непочитување на законските рокови од одредени институции за достава на бараните податоци. Исто така долготрајна е и постапката на меѓународна правна помош, која е неопходна за обезбедување докази во определени предмети.

За да се надминат овие проблеми, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како што е наведено во соопштението, ќе иницира средби со надлежните институции од кои ќе побара нивно екипирање и навремена достава на податоците неопходни во истрагата. Дополнително, од членовите во работната група за претстојните измени на Законот за кривична постапка од редовите на Јавното обвинителство беше побарано да го дадат својот максимум со цел во новите законски одредби да се надминат проблемите и недостатоците кои во моментов придонесуваат за долготрајност на постапките.​/МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ