ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред.
„Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Линиите 9, 19, 20 и 23, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање. Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати,“ се вели во соопштението.
Прегледот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.
Граѓаните реагираат за редуцираниот возен ред на неколку линии, со напомена дека на овој начин се поттикнува опасноста од ширење на Ковид-19, токму поради намалената бројка транспортни возила во кои се качуваат уште поголем број граѓани.
ЦИВИЛ Медиа денеска објави една од реакциите на граѓанките и граѓаните, со фотографии од фактичката состојба на патниците во автобусите, односно гужвата што се создава заради редуцираниот возен ред.