• Latest

Југохром се подготвува да се рестартира без филтри, ни се закануваат за да молчиме

July 2, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Југохром се подготвува да се рестартира без филтри, ни се закануваат за да молчиме

July 2, 2018 12:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Од движењето Еко-Герила велат дека изминатите денови различни поединци им испраќаа пораки заедно со финансиски понуди со цел да ги замолчат и да не реагираат за Југохром. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„За ова е известена полицијата и денес баравме директна средба со премиерот Зоран Заев за да го информираме за овие закани и уцени. Исто така, информацијата ќе ја споделиме и со амбасадите и организациите кои не поддржаа во нашата мисија за почиста животна средина, како и институциите на Европската Унија во Брисел, кои на нашата држава и поставија услови за започнување на преговорите: правната реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и функционирањето на владеењето на правото.

Сакаме да се потсетиме дека имавме уште поголеми предизвици со претходната влада, и не се повлековме, а камоли сега. Каузата на Еко-Герила никогаш не зависела од неколку поединци, туку од волјата и големата поддршка на граѓаните. Валканите игри со мафијашки тенденции, не само што нема да нè спречат, туку напротив, само нè мотивираат да не се откажуваме од нашата мисија. Граѓанската реакција ќе биде многу оштра за секоја уцена од Југохром или од одредени кругови во Владата.

Со оглед на фактот дека во 2013 година, од страна на Светската здравствена организација, Тетово беше рангиран како најзагадениот град во Европа, не смее да се толерира ниту една можна манипулација и поставување на филтрите без ригорозен надзор од независни меѓународни експерти, кој ќе утврди дали проектот и системот за филтрирање ги исполнува соодветните стандарди и го спречува ослободувањето на штетните гасови. Без веродостојна меѓународна гаранција, нема да се прифати никаква манипулација од страна на сопствениците, без разлика дали е и во соработка со Вицепремиерот Кочо Анѓушев. Затоа сметаме дека е тенденциозно и опасно неговото инсистирање на реотворањето на Југохром паралелно со воспоставувањето на филтри, а не по завршувањето на нивното распоредување и како што е предвидено со законот.

Официјалните мерења на Министерството за животна средина, покажаа јасно дека оваа фабрика предизвикува 60% од вкупното загадување во Тетово и околината. Југохром треба да го плати скапо труењето на тетовчаните, бидејќи бројот на болни деца беше двојно повисок додека работеше оваа фабрика. Во 2015 година, кога работел Југохром, овој број изнесувал 31.446 случаеви, додека во 2017 година кога не работел овој број се намалил на 18.578 случаеви. Со оваа предизвикана штета од страна на Југохром, пред да ги постави филтрите, бараме од сопствениците, да платат милионски отштети и да имаат законска одговорност за загрозување на животот и здравјето на луѓето во градот Тетово и околината. Мотивирани од случајот на Битола, каде беа поднесени обвиненија против раководните лица за огромно загадување, ние ќе бараме компензација за предизвиканите болести и смртни случаи, кривично дело, казниво со 4 до 10 години затвор.

Во исто време Вицепремиерот Анѓушев треба да знае дека здравјето и почитувањето на законот е повеќе вредно за граѓаните отколку цената на феро легурите на берзата.

Ние нема да се повлечеме. Војната за почиста животна средина ќе продолжи. Нулта толеранција за убиецот!“, велат од Еко Герила.

Д.М.

Tags: Еко ГерилазаканиЈугохромКочо Анѓушев
Share226TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ