Вдовицата на најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални, Јулија Навални, ќе започне телевизиска програма од Париз, заедно со невладината организација „Репортери без граници“ (RSF), посветена на сеќавањето на нејзиниот сопруг и на „слободата на изразување во Русија“, објавија француските медиуми, повикувајќи се на Репортери без граници.
Телевизијата наречена „Иднината на Русија“ ќе се емитува преку сателитскиот пакет Свобода, кој ја покрива речиси целата руска територија, а ќе биде лансирана на 4 јуни, роденденот на Алексеј Навални, кој на тој ден ќе наполнеше 49 години, објавија француските медиуми.
Јулија Навални ја презеде улогата на својот сопруг, критичар Путин, кој почина под необјаснети околности во февруари 2024 година во изолирана казнена колонија надвор од Арктичкиот круг, каде што отслужуваше 19-годишна казна за „екстремизам“.
Каналот, наречен „Иднината на Русија“, ќе се емитува преку проектот „Свобода Сателит“, кој е достапен низ цела Русија, соопштија Репортери без граници.
Овие сателити се наменети да доставуваат сигурни информации до населението во областите погодени од дезинформации и пропаганда.
Достапен е за 4,5 милиони домаќинства во Руската Федерација и за околу 800.000 на окупираните територии на Украина, соопшти РСФ.
Телевизијата е формирана во текот на минатата година со Леонид Волков, поранешната десна рака на Алексеј Навални, пренесе МИА.