Сите граѓанки и граѓани се повикани да пријавуваат нерегуларности на веб страницата СЛОБОДНИ ИЗБОРИ, во порака на Фејсбук страницата на организацијата или на телефоните 02/520 91 76 или 071 712 799, како и на мејлот [email protected].
Доколку забележите изборни нерегуларности, веднаш известете ги членовите на Избирачкиот одбор во вашето избирачко место, Општинската изборна комисија, Државната изборна комисија, а во некои случаи и припадниците на МВР кои го обезбедуваат изборниот процес.
Освен тоа, можете да ги информирате и набљудувачите на ЦИВИЛ кои ќе бидат присутни на гласачките места.
Секоја политичка партија има право на свој претставник на избирачките места што го мониторираат процесот на гласање. Доколку опцијата за пријава на нерегуларност е набљудувач, тогаш најдобро е да пријавите кај домашните набљудувачи, претставници на граѓански организации или на некоја од меѓународните набљудувачи мисии.
Утре се прегласува во седум избирачки места. Процесот на гласање е постапка со која секој полнолетен граѓанин го остварува своето уставно загарантирано право на слободен избор на непосредни избори во кои избира пратеници во Собранието.
Што во случај на изборни нерегуларности?
Еден од честите изборни нерегуларности е неможноста избирачот да гласа. Најчесто тоа се случува затоа што ги нема во Избирачкиот список или поголем проблем овој пат може да биде техничката опрема за идентификација на гласачите.
Во Изборниот законик се вели дека доколку техничката опрема не може да најде совпаѓање на отпечатоците, а избирачкиот одбор може да го утврди личниот идентитет на гласачот преку важечка лична карта или важечки пасош и ќе утврди дека нема претходно гласано преку потписите во избирачкиот список, во тој случај гласачот ќе биде внесен во техничката опрема со пребарување преку нејзиниот/ неговиот единствен матичен број (ЕМБГ) и ќе му се земе отпечаток од прст со цел заштита на избирачкото право.