• Latest

Каeвски: Сите лаги кои досега ги пласираше опозицијата се потопени, седницата за уставни измени ќе покаже кој е ЗА и кој е против ЕУ

August 17, 2023
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каeвски: Сите лаги кои досега ги пласираше опозицијата се потопени, седницата за уставни измени ќе покаже кој е ЗА и кој е против ЕУ

August 17, 2023 15:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

обраниската седница којашто започнува утре дефинитивно ќе потврди кој е за македонска европска иднина, а кој против членство во ЕУ. Секој пратеник има одговорност пред иднината на државата и пред интересот на граѓаните. Пратениците мора да му погледнат на народот во очи и да изберат: интеграција во ЕУ или изолација! По објавувањето на текстот на предлогот за уставни измени кристално јасно е дека никој нема ништо против содржината на вака предложениот текст, истакна на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој нагласи дека „граѓаните се уверија дека не се загрозува ниту едно македонско идентитетско прашање, туку се зајакнува македонскиот идентитет“.

„Со уставните измени се зајакнува мултиетничкиот карактер и македонскиот идентитет, затоа што македонскиот јазик е признаен во ЕУ и со преговарачката рамка и поради дефиницијата за македонската посебност.

Сите лаги кои досега ги пласираше опозицијата се потопени. Нема асимилација, нема бугаризација, има признаен и потврден македонски јазик и идентитет во ЕУ.

Требаше Мицкоски и ДПМНЕ досега 100 пати да се извинат, не на нас, на граѓаните, за срамните лаги. Но тоа е само потврда за нивната погрешна политичка матрица и немањето државнички капацитет.

Прво беше „асимилација и бугаризација“. Откако се виде дека нема ништо од тоа сега е „бугарски диктат“.

Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку.

Стратешка цел поставена уште од независноста е членството во ЕУ. Граѓаните сакаат да бидеме дел од ЕУ, рамноправни, рамо до рамо со европските народи.

Но, не затоа само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, заради економски напредок, социјална правда. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

Оговорност на секој пратеник е тоа да им го овозможи.

Седницата е последна можност и за ДПМНЕ.

Да покажат дали избрале интеграција во ЕУ или избрале изолација, седнати во скутот на Левица.

Доколку ја одберете Левица и анти-европскиот блок ДПМНЕ отворено застанува против Македонија,  против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ“, истакна Каевски.

Tags: ЕУКаевскиуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ