• Latest

„Кај ти е газдата“- предрасуди за жените-претприемачи во Македонија

June 7, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Кај ти е газдата“- предрасуди за жените-претприемачи во Македонија

June 7, 2018 09:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на жените-претприемачи во Македонија не се зголемува. Точно е дека се отвораат нови фирми, но и се затвораат веќе постоечките. Подршката од државата не е доволна, ниту сосема соодветствува на потребите, а водењето бизнис од страна на жена е се уште предрасуда.

Како што велат од Здружението на бизнис жени, воопшто не е исто дали бизнис отвора маж или жена. И во однос на банкарските кредити има разлика, процентуално повеќе добиваат мажите.

– Перцепцијата е дека женското претприемништво расте, но никој не го кажува бројот на затворени компании. Сите се фалиме со наводно зголемен број на претприемачи, зголемен број на вработени. Од друга страна, повеќе се затвораат, отколку што се отвораат нови фирми. Се зголемува свеста за отворање нови бизниси, но условите во минативе неколку години беа многу тешки и многу се затворија, вели претседателката на Здружението на бизнис жени Валентина Дисоска.

Според неа, ако се спореди бројот во 2013 и 2014 година, може да се забележи дека повеќе фирми се затвориле отколку што се отвориле.

– Причините се немање финансии во оптек, немање финансиска писменост, неможност претприемачите да се снајдат, незнаење како се прави раст и развој на компанија, недоволно познавање на менаџирањето, неискористување консултанти, објаснува Дисоска.

Во Македонија женското претприемништво засега доминира во областа на услугите, здравството и микропроизводството на храна и растителни препарати.

– При отворањето бизнис од жена, заднината е многу поинаква од онаа на мажите. Зад жената обично има семејство, деца, стари лица. Тоа е едната страна. Другата е што целиот имот кај нас обично се дели на синовите, мажите. Кога некој нема имот на сопствено име, како да отвори фирма? Како да земе кредит кога нема што да стави во залог? Сосема трето е тоа што и општеството воопшто не те препознава. Се уште има ситуации кога некој ти вика „Ај прати го газдата да направиме муабет“, напоменува Дисоска.

Во врска со кредитите, посочува дека нема рационално објаснување зошто жените добиваат 30 отсто помалку кредити.

Според неа, за користењето на владината поддршка, недовербата и стравот се уште преовладуваат иако интересот за средствата што ги обезбеди Министерството за економија годинава бил многу голем.  

– Ако ги земеме предвид сите мерки што ги нуди Владата, можеме во нив и да се најдеме и да искористиме дел од нив. Повеќе го гледам проблемот во недовербата на компаниите кон владините мерки и искористувањето, стравот од соработката со Владата. Сите се оградуваат од тоа, велат „не сакам да имам ништо со Владата, ќе си го терам својот бизнис онака како што знам“. Но, освен ова, голем проблем е и неинформираноста. Информациите не стигаат, а претприемачите многу ретко имаат време и можност се да прочитаат, вели Дисоска.

Многу е подобро, сугерира, наместо сами да ги бараат потребните информации, да станат дел од некоја организација, здружене, стопанска комора, да дојдат на некој од состаноците таму и да ги слушнат мерките.

И мерките секогаш не соодветствуваат на потребите на жените претприемачи зашто има премногу барања или услови за нивно искористување.

– Се бара на пример „микросегмент“ од најмалку пет вработени. Тешко дека некоја жена-претприемач ќе има пет вработени. Кога почнуваат сопствен бизнис, жените најчесто се самовработуваат, а тоа е практично еден вработен. Чекорот од еден до пет вработени е најтежок за жените претприемачи. Тие немаат имот на свое име, не можат да го пречекорат прагот за развој на бинзисот, речиси никој не ги поддржува, можеби родителите со некоја позајмица, дополнува Дисоска и потенцира дека Фондот за претприемништво треба да се зголеми.

Здружението на бизнис жени најавува нов проект што ќе се фокусира на покревање на свеста за извоз на услуги, односно на знаење по примерот на Холандија и Велика Британија од каде што доаѓаат најголемиот број. Како што рече Дисоска, ќе се креира кластер за извоз од женското претприемништво со оглед дека услугите можат да бидат извозна гранка.

Два милиона денари државна поддршка за претприемништвото

Од Министерството за економија велат дека како земја кандидат за членство во ЕУ, Македонија континуирано ги усогласува своите политики со европските и во таа насока презема активности за промоција и поддршка на женското претприемништво.

– Препознавајќи го значењето на женското претприемништвото, од 2012 година, веќе седма година по ред реализираме мерка – финансиска поддршка за жени претприемачи во рамки на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво. Со поддршката се субвенционираат трошоците на претпријатијата во сопственост и управувани од жени за набавка на опрема, уредување простор и грижа/чување деца, нагласуваат од Министерството.

Се субвенционираат претпријатијата во сопственост и управувани од жени преку кофинансирање на 60-70 отсто од трошоците за набавка на опрема, како и уредување простор и грижа/чување на деца, но не повеќе од 120.000 односно 150.000 денари по апликант.

– Со оваа мерка во 2012 година биле предвидени 1,8 милиони денари, а се искористиле 1.667.117, во 2013 година од 1.330.000 денари се реализирале 1.283.116, во 2014 година од 1,4 милиони вкупно 1.107.546, во 2015-та од 1,8 милиони се искористиле 1.050.420, додека во 2016-та од проектираните два милиона се реализирале речиси сите или вкупно 1.999.999. Лани поддршката била највисока, 2,4 милиони, а искоритени биле 1.729.786, додека за 2018 од планираните два милиона се потрошени 1.993.598 денари, информираат од Министерството за економија.

Во 2016 година дури 23, или најмногу компании добиле поддршка, а аплицирале 39, во 2012, 2013 и 2017 субвенционирани биле 18, а бројот на апликации бил 78, 30 и 36, годинава биле поднесени 44 апликации, но пари добиле 16 компании, во 2015 година барања доставиле 18, а 15 добиле средства, додека во 2014 година апликации доставиле 26 фирми, а биле субвенционирани 12.

Кредитната програма „Жени во Бизнис“ – опција за малите и средни претпријатија предводени од жени

Три милиони евра поддршка на жените-претприемачи во Македонија нуди кредитна програма „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР, а се имплементира во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

Програмата е за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

„Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана на мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити до 300.000 евра за финансирање основни средства, но и средства за тековно работење по поволни услови, со рок на отплата до пет години. Програмата воедно нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

Мирјана Чакарова за МИА

 

Tags: бизнисженипредрасуди
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ