• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Како да уништиш државна институција во три чекори

March 18, 2021

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како да уништиш државна институција во три чекори

March 18, 2021 07:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Ако мислевте дека е едноставно и просто да уништиш државна институција, многу се лажете. Тоа е сложен и обемен зафат кој бара голема посветеност, систематичност и јасна цел која треба да биде постигната.

Искуството покажува дека наједноставен начин за уништување на државните институции е нивната партизација.

Партизацијата значи постепена замена на професионалните кадри во една институција (оние кои знаат, умеат и имаат искуство) со партиски кадри, оние кои немаат знаења ниту капацитети да ги извршуваат задачите на едно работно место, меѓутоа се лојални следбеници на партијата (која и да е) и послушни извршители на волјата на актуелното раководство (кое и да е).

Партизацијата може да се изврши на различни начини, меѓутоа вообичаена е онаа која се изведува во три последователни чекори:

  1. Ставаш на раководна позиција член на партијата или близок на пратијата, кој е исклучително амбициозен а со видливо ограничени интелектуални капацитети

Раководителот е пожелно да има барем минимум инстинкт за да насети дека никако не ја заслужува позицијата која ја држи за да може тој кој што го поставил да му стои над глава како Дамоклов меч со можноста во секој момент да го разреши од функцијата.

Не мора да биде корумпиран, меѓутоа тоа е посакувана карактеристика која обезбедува поголем маневарски простор за кукларот кој ги движи конците.

Неопходно е во процедурата на поставување, во кариерното напредување или едноставно во опстојувањето на дадената функција да има некоја фалинка, која може да биде обелоденета во случај на потреба дадениот раководен кадар да биде тргнат од раководната позиција без опасност по оној кој го поставил.

  1. Обезбедуваш редовна и соодветна промена на законите и подзаконските акти

Со низа од недоречености, контрадикторности, бесмислени одредби во законите и подзаконските акти се создава правен хаос кој овозможува исти норми по потреба да се применуваат на различен начин.

Доколку и вака измешаните одредби прават проблем, не е страшно, во секој момент може да се повикаш на некој друг закон, кој нема апсолутно никаква врска со институцијата за која станува збор, да изјавиш дека тој закон воопшто не се однесува на таа институција, меѓутоа, дека од најлегалистички причини ќе го примениш.

Ова е посебно важно да се направи во процесот на пополнување на работните места во соодветната институција, со цел вработување на најпогрешните луѓе на најнесоодветните места на кои ќе нанесат најголема можна штета на дадената институција.

  1. Ја прогласуваш партизацијата за мртва

Прво, негираш вработување по партиска препорака и притисок, негираш непрофесионалност, негираш изигрување на правото, негираш дека може да има манипулација доколку објавиш оглас со кој се вработуваат “… 2 (двајца) посебни советници за потребите на потпретседателите на Собранието на Република Северна Македонија“  со било каков факултет и без искуство, со плата од 46,899 денари (https://www.sobranie.mk/javen-oglas-za-vrabotuvanje-na-dvajca-posebni-sovetnici-za-potrebite-na-potpretsedatelite-na-sobranieto.nspx).

Второ, партизацијата ја маскираш во етнички костум (искуството, знаењето, стручноста се вика припадник на етничко малцинство) и вработуваш 1.700 луѓе во администрација (без искуство, без критериуми, без потреба од нивно вработување) и пет години им даваш плата, и придонеси (со што им обезбедуваш и одреден работен и пензиски стаж) (https://balkaninsight.com/2016/10/07/makedonija-okolu-1-750-vraboteni-po-ramkoven-s-uste-cekaat-da-bidat-raspredeleni-10-06-2016/?lang=mk ).

Трето, замената на едни партиски кадри со други партиски кадри, или, балансот на партиски кадри од претходната власт и партиски кадри од актуелната власт, го прогласуваш за департизација.

Резултат:

Институцијата е мртва.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ