• Latest

Како е можно поранешен шеф на УБК, сега советник на Наќе Чулев, да изјави дека не ги знае протоколите?

June 7, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Како е можно поранешен шеф на УБК, сега советник на Наќе Чулев, да изјави дека не ги знае протоколите?

June 7, 2020 18:46
in БЛИЦ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Неверојатно! Љубчо Андоновски, поранешен шеф на УБК, а сега советник на Наќе Чулев, за ТВ 24 призна дека бил во друштво на шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, во затворениот дел во „Винотека“ на 3 јуни. Наговата оизјава звучеше како ехо на изговорите на Мицкоски. Ако треба, ќе ја плател и казната, ако направил прекршок. Освен тоа, тој „ладно“ кажа и дека не можел да ги следи сите мерки, се менувале „во 5 до 12“, значи – не ги знае мерките!

Се поставува прашањето, како може советник на министер за внатрешни работи, поранешен шеф на УБК, човек што заработува околу 50.000 денари месечно, да не е информиран за мерките за заштита од коронавирусот.

Просто е неверојатна изјавата на човек што е на одговорна функција во безбедносниот систем, советник на министерот, солидно платен од парите на граѓанките и граѓаните, да признае дека не бил информиран за мерките за кои токму неговото министерство е обврзано да се грижи да бидат спроведени. И да признае дека му биле многу брзи мерките, се менувале „во 5 до 12“.

Андоновски беше прв човек на злогласното УБК во времето на залезот на режимот на Груевски, кој дојде на местото на Сашо Мијалков кој си поднесе оставка во мај 2015 година, веднаш по настаните во Диво Насеље. Своевремено, Андонов во интервју за Прес 24, на 26 април 2016 година, изјави дека тајната полиција е максимално будна и наведе дека имало индиции дека „во протестите се вклучени или дека протестите ги оркестрираат странски државјани“. Ама, мерките за заштита од коронавирусот не ги знае.

Во изјавата за ТВ 24, Андоновски се чуди и како сѐ уште не е ставен во притвор. Навистина, добро прашање, чиј одговор би требало да го знае добро и самиот, бидејќи е советник на министер за внатрешни работи, па нека е тоа и Наќе Чулев.

Колку што е познато, член 206 од Кривичниот законик не е донесен во „5 до 12“. Тој е со постар датум и гласи: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Боемска работа…

 


Сите права се задржани.  ЛИНК; Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Текстот е личен став на авторот и не ги одразува ставовите на Редакцијата, односно било кое друго правно лице во релација со авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ