Социјалните медиуми би можеле да го поттикнат ширењето на лажни вести за коронавиросут, што би можело да ги попречи напорите на јавните здравствени работници да ја контролираат ситуацијата.
Во напорот на властите за јавно здравје да го сопрат ширењето на коронавирусот во САД, тие ќе се соочат со две главни пречки: ерозија на доверба во медиумите и здравствениот систем и лажни вести.
Од понеделникот утрото, 17,205 луѓе во Кина се имаат заразено со вирусот и најмалку 361 имаат починато, според кинеските здравствени власти. Коронавирусот првпат се појави во кинескиот град Вухан, кој се наоѓа во провинцијата Хубеи.
Центрите за контрола и превенција на болести во четвртокот го потврдија првиот случај на пренесување на коронавирусот од човек на човек во САД, откако сопругот на жената која беше првиот потврден случај во Илиноис заболе од вирусот. Центрите за контрола и превенција на болести во во петокот изјавија дека 241 лица во САД се тестираат за да се утврди дали се заразени со болеста, а извештаите на медиумите посочуваат дека сега има 11 потврдени случаи низ земјата.
‘Платформите за социјални медиуми навистина ќе бидат во позиција да потенцијално одредат дали коронавирусот може да се појави тука’ – Мат Јакоб, консултант за јавно здравје
Во ера на лажни вести, кога лажни информации се шират со брзина на светлината низ социјалните медиуми и кога недовербата во медиумите кои известуваат е широко распространета, властите за јавно здравје во САД би можеле да се соочат со значителни предизвици во зачувувањето на безбедноста на Американците во однос на болеста доколку болеста почне да се шири побрзо.
„Кога во медиумите се појавува закана како потенцијална глобална заразна болест, јавноста се обидува да ја разбере природата на заканата“, рече Адриан Бангертер, професор на Универзитетот Нојшател во Швајцарија. „Доколку довербата е ниска, постои ризик алтернативните објаснувања, како што се теориите на заговор, да ги комплицираат напорите за спречување на ширењето на болеста“.
Веќе се имаат раширено разоткриени теории на заговор и гласини, вклучително на сајтови како Reddit и Weibo. Малезија уапси пет лица за наводно ширење на дезинформации во однос на болеста онлајн.
Шефот за здравство на Фејсбук во една изјава на блог во четвртокот истакна дека платформата е фокусирана на отстранување на потенцијално опасни информации, вклучувајќи објави за лажни лекови како што е пиење не белило против коронавирусот. Ќе се блокираат или ограничат хаштагови кои се користат за ширење на дезинформации на Инстаграм.
(Центрите за контрола и превенција на болести и Министерството за здравство и социјални услуги на САД не ги вратија веднаш барањата за коментар).
Довербата на Американците во владата, медиумите и медицината еродира
Американците имаат помала доверба во некои од нашите најценети институции. Довербата во претседателството, Конгресот, весниците и телевизиските вести се има намалено во изминатите неколку декади, покажува истражувањето од Галуп . Тој тренд не е добар за јавните здравствени работници кои се обидуваат да пренесат витални информации за избувнувањето на болеста.
За време на епидемија, „најдобрите извори на информации ќе бидат владините здравствени работници“, рече Амеш Адалја, виш научник на Универзитетскиот Центар за Здравствена Безбедност Џонс Хопкинс. „Колку помалку обрнуваат внимание на тие власти, толку помалку е веројатно дека ќе ги земат предвид советите“.
Што е уште полошо, довербата на луѓето во давателите на здравствени услуги, исто така, се има намалено. Само 36% од луѓето во САД имаат „голема“ или „прилично голема“ доверба во медицинскиот систем заклучно со 2019 година, најниско ниво од 2014 година и далеку пониско од 1975 година, кога бројката изнесуваше 80%, според Галуп.
„Најдобрите извори на информации ќе бидат владините здравствени работници…колку помалку обрнуваат внимание на тие власти, толку помалку е веројатно дека ќе ги земат предвид советите“ – Амеш Адалја, виш научник на Универзитетскиот Центар за Здравствена Безбедност Џонс Хопкинс
Друга студија спроведена од страна на Галуп покажа силна корелација помеѓу довербата на луѓето во нивните доктори или сестри и нивната доверба во вакцините.
„Здравствениот систем во оваа земја не е омилен“, рече Мат Јакоб, консултант за здравје со седиште во Вашингтон Д.Ц. „Но, повеќето Американци имаат прилично ограничено знаење за науката и медицината и тоа создава предизвик“.
Една светла точка: една посебна студија од Центарот за истражување Пју сугерира дека Американците гледаат поповолно на Центрите за контрола и превенција на болести отколку на другите владини агенции, иако довербата во владата е на рекордно ниско ниво.
Дезинформациите се шират како шумски пожар кога луѓето се исплашени
Постојат опасни несакани ефекти во однос на лажните информации. Кога почнува фабрикатаа на гласини, јавните здравствени работници наместо да работат на сузбивање на епидемијата мора да ги корегираат гласините.
„За време на Ебола епидемијата во 2014 година, видовме несоодветен страв во САД што предизвика големи нарушувања“, рече Адалја. „Тоа уште повеќе ја отежнува работата, затоа што експертите од јавното здравство трошат повеќе време во негирање на гласини отклоку во справување со проблемот“.
Социјалните медиуми го олеснуваат брзото ширење на лажни вести, теории на заговор и гласини, со што се отежнува работата на јавните здравствени работници. Студија од 2018 година од Институтот за технологија на Масечусетс покажува дека лажните вести имаат 70% поголема веројатност да бидат повторно објавени на Твитер TWTR, -8.77% отклоку вистинските.
‘Платформите за социјални медиуми навистина ќе бидат во позиција да потенцијално одредат дали коронавирусот може да се појави тука’, рече Јакоб. Фејсбик FB, -4.46% и Твитер презедоа чекори да вршат приоритизација на содржина од доверливи извори, по епидемијата со сипаници низ целата земја минатата година, тој истакна. Здравствените власти рекоа дека кампања за дезинформации на социјалните медиуми предводена од движњето против вакцинирање придонесе кон епидемијата.
Како одговор на избувнувањето на коронавирусот, Фексбук ангажира трети страни за проверка на фактите на содржината на платформата, вклучувајќи го Асосиејтед прес и АФП.
„Неколку од нашите партнери за проверка на факти од страна на трети лица низ светот некои содржини ги имаат проценето како лажни, така што драматично ја намалуваме нивната дистрибуција, а луѓето кои ја гледаат оваа содржина, кои се обидуваат да ја споделат, или веќе ја имаат споделено, се предупредени дека истата содржина е лажна“, рече портпаролот на Фејсбук. „Оваа ситуација брзо еволуира и ние ќе продолжиме да соработуваме со глобални и регионални здравствени организации за да обезбедиме поддршка и помош“. (Твитер веднаш не врати барања за коментар)
Во меѓувреме, Reddit, не вклучува конкретна забрана за дезинформации во својата политика на содржини, но вебстраната има додадено банер на својата почетна страница што ги пренасочува корисниците кон одредена нишка со стручни информации за коронавирусот. Понатаму, волонтерските модератори на многуте поткатегории на платформата можат да постават свои правила за тоа каков вид на објави се дозволени.
Коронавирус “поткатегоријата на Reddit” забранува сензационализирани наслови и бара сигурни извори. Поткатегоријата на Reddit, исто така, ги обележува објавите кои се чини дека содржат гласини или информации кои сéуште не се потврдени од страна на официјални извори.












