• Latest
Добро утро со Орданоски

Како пропадна Операцијата „Метла“

May 9, 2019

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Како пропадна Операцијата „Метла“

May 9, 2019 06:52
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]У[/dropcap]ште од сега е јасно дека Операцијата „Метла“, најавена како една од „гумите за спасување“ на вториот претседателски изборен круг, е пропадната и пред да започне. За тоа има неколку добри причини…

Прво, овој вид на квази-револуционерни политички зафати се, во принцип, однапред осудени на пропаст. Не затоа што премиерот и претседателот на СДСМ не може, теоретски, да смени и третина од функционерите со кои управува, туку затоа што кого и да го смени и кого и да го остави на функција, јавноста ќе биде подеднакво поделена, сите ќе тврдат дека требало (и) некои други да си заминат, а не токму или само овие; дека оној преживеал заради бизнисите на Вице, а овој затоа што е близок на Шекеринска или на Оливер; и дека зад некого застанало влашкото, зад другога прилепското, а зад некој трет женското или криминалното лоби; и сл.

Значи, од аспект на јавната перцепција, постојат сите предуслови политичката штета да биде поголема од користа од целата оваа најавена кадровска вежбанка.

Во јавноста, желна за „крв“ (модерно: „одговорност“), веќе се отворени обложувалници за тоа кои ќе бидат жртвите на „чистката“, а моите колеги, новинари, и на хигиеничарките во државните институции од некни им поттураат микрофони под носот со едноставно прашање: „Очекувате ли да ја преживеете ‘метлата’ на Заев?“… Функционерските одговори на ова прашање се движат од патетични до комични, иако тешко, низ вкочанетите насмевки, се крие навреденоста заради тоа што се доведени во ситуација да одговараат на овие евтини провокации.

Имало причина зошто во историјата постоеле институции како гладијаторски борби со крволочни животни или пост-револуционерни гилотини, оти за, на контролиран начин, да се задоволи гладта на јавноста за сеир и некаков вид на одмазда, морало да се жртвува и суво и сурово, со активно навивање и воодушевување од публиката. Да ве потсетам, римскиот Колосеум, изграден недалеку, источно, од римскиот Форум, пред две илјади години, собирал и до 80.000 (!) луѓе во публиката, а на неколку километри од таа локација, во тркалиштето Циркус Максимус, можеле да се сместат и до 150.000 гледачи за да уживаат во драмата на крвавите трки со борбените двоколки на римските јунаци…

Според тоа, како веќе пробан историски метод, можеби е добро Заев да размисли својата чистка да ја спроведе на Градскиот стадион во Скопје, пред триесетина илјади публика, билетите за овој настан да се делат преку општинските партиски комитети, настанот да трае цел ден, а публиката, во климакс, со кренатите палци нагоре или надолу и со гласно навивање да одлучува кому треба да му се „скине главата“, а кому не.

Второ, ДУИ веќе го поздрави Заева дека со кадрите на СДСМ може да прави што сака, но со Албанците од ДУИ во Владата нема играње. Тоа не значи дека нема да има театар од средби меѓу Али и Зоки, па малку драмолетки и епизодни јавни препукувања (Бујар Османи стои на располагање), но никаква суштинска кадровска промена нема да има. Само калифот Али е шеф на Алиевци, а неговите кадровски патишта се мистични и древни, ферментирани низ густиот чад на чајџилниците во Чаир и на дискретни локации во Мала Речица, каде важат други канони од законите за државната администрација. Тоа е една цела друга шаманска наука.

Трето, можеби и најважно, е што проблемот на Заев не е, само, во кадрите, туку во начинот и стилот на владеењето. Не можеш да бидеш ефикасен микроменаџер како Груевски, без Мијалков! Сите да мислат дек сè зависи од твојата иницијатива, налудничава енергија и „последен збор“, а да бидеш демократ кој верува дека, кај луѓето, совеста и самосвеста се посилни инстинкти од стравот пред заканата. Бирај Аго што ти драго: или „цврста рака“ потпрена врз беспоговорна лојалност (Груевски, а сега и неговиот партиски намесник); или децентрализација на одлуките, со избор на луѓе кои ќе знаат и ќе сакаат да ги носат, без од тебе да се очекува сè да аминуваш!

Затоа оваа Операција „Метла“ ќе пропадне, бидејќи ќе се занимава само со таксират-поединци, а не со неопходноста да се менува и системот. Бидејќи, кога е системот добар, тој самиот тековно ги „мете“ оние кои не даваат очекувани резултати.

Освен ако однапред не се договориме дека Операцијата „Метла“ е само забава за народ, како своевремено спектаклите во римскиот Колосеум. Аве, другарче Заев, моритури те салутант!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share385Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ