• Latest
Љубомир Костовски

Како во американски филм, само да си земеме пуканки

July 22, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како во американски филм, само да си земеме пуканки

Навистина сум гледал повеќе американски филмови во кој темата е убиство на претседател или на кандидат на претседател од опозицијата. Она што го направи Мицкоски на почетокот на протестите е само една пародија на таквите дела: да биде опасна ситуација ама да не боли…

July 22, 2022 08:00
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски

Љубомир Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Кое е мажето кое е постојано лажна жртва? Кои деструктивни структури кои гравитираат кон источните центри на моќ и им одговара крваво сценарио во Македонија посегнаа по еден филмски трик за подигнување на тензии во земјава? Тоа се најчестите поставувани прашања овие денови, иако инфо-машинеријата на ВМРО ДПМНЕ следните денови стори сѐ што можеше за да ја рекомпонира вистината за наводниот атентат врз партискиот лидер Христијан Мицкоски, за тој да исчезне од меморијата на нацијата: од вест која требаше да биде истрел за создавање на масовна поддршка за протестите организирани од црвено-црните и од нивната портабл придружба Левица, за да се спречи донесување на било каков документ кој би ѝ дал поддршка на Северна Македонија во дијалогот со Брисел, се претвори во контра-ефект, што од неубедливост, што од ефикасност на полицијата а секако и од несмасност на кметицата на Скопје, која со еден избрзан потег се обиде да стане проактивна во амбиент во кој нејзините ја беа заборавиле да ја консултираат. Та се работи за проект во кој е добро што помалку лица да го знаат заплетот! Арсовска никако не била во игра.

СРЕДЕНО Таравари и Мицкоски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Во разговор со еден криминолог за оваа тема, ми се потврди она што сите го знаеме, дури што се вели го знае и мало дете: атентат со пиштол, каков и да е тој, на таа далечина нема никакви услови за успех! Далечината од оној што треба да пука и целта е барем 150 метри, стрелецот нема цврста подлога, ниту е поставен во позиција која гарантира стабилност, плус наоколу летаат камења од две спротивставени страни, па пиштолџијата нема никакви услови за прецизност, чувајќи го својот телесен интегритет. На ова се надоврзува фактот дека целта за пиштолџијата е измешана со цела толпа која се движи и во тие услови не е можно ниту најпрецизен снајпер да биде ефикасен, освен ако не мисли да убива без конкретна цел и ефект, практично да ја растури толпата, но и да предизвика широк меѓуетнички конфликт.

Оној кој ја смислува стратегијата на политичкиот пресврт во овој случај, веројатно одел според системот „две во едно“. Најпрвин да направи жртва од лидерот на опозицијата, како во манир на видени, готови решенија, кога практично губитникот, како политички фактор во некоја ситуација (избори, на пример) се претвора во добитник во очите на масата граѓани. И второ, со оглед на местото каде се случува настанот и етнички диференцираните страни од едната и друга страна на улицата (едните фрлаат камења и стрелаат со пиштоли а вторите фрлаат исто така камења и говорат шовинистички пароли) да зовријат етничките страсти во земјава, каде веднаш се добива сигурно запалено балканско буре со барут!

Вечерта, по тој настан, на нарачана прес конференција, на која се секако мора да бидат сите мејнстрим медиуми, концептот пукна непредвидено од организаторот. Полицијата веднаш го фати оној кој требаше да биде атентатор, неговото име веќе дојде до дел од јавноста. Не се знае дали тој факт дојде до Шампитата (добро, некои ја викаат Белата палата, но тоа име може да има и други асоцијации), но Мицкоски дојде до микрофонот во стил на „туку што преживеан“, што вклучуваше и доза на триумфалност (!)  – дека им одолеал на најзлите намери на власта! И тука распали по власта, обвинувајќи ја дека ја интересира само опстанокот во владејачката позиција и дека таа не бега и од крајно дрски „техники“ како што е – извршување на атентат! Во случајот жртва на атентатот требал да биде тој самиот.

Првото новинарско прашање ја сруши неговата теза – евентуалниот атентатор Цуфа Кока е уапсен, тој доаѓа од кампот на неговите коалициски партнери (Алијанса на Албанците) и е брат на првиот човек на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ (Зухри Енуз). Во мигот на падот на таа шарада Мицкоски побара да не се споменуваат партии и нации (!), елиминирајќи ја втората цел, онаа за меѓунационалните пресметки како небитна и штетна за јавниот ред и мир. Не делуваше целосно изненадено, но немаше смисла повеќе да се објаснува фијаското на целата операција и пресот едноставно се прекина…

СЕКОЈ ЧАС СО НОВ ПЛАН Не им е лесно – тие се под силна пресија и од Будим и од Москва

Ова беше значаен миг во однос на сѐ што дотогаш го преземаше опозицијата за да направи граѓански немири од поширок опфат, а што не донесе никаков успех. Ниту зголемување на масата протестанти во Скопје, а уште помалку во другите градови (исклучок е секако оној во Куманово каде организацијата ја имаше градоначалникот, кој секако заслужува посебен коментар) се случи, што ја маргинализираше силата на отпорот. Насилството кое беше сурово и секако непотребно, бидејќи имаше преголем број на повреди кај полицајците кои пак беа претерано толерантни, па не беше добар повик за фаќање приклучок кон разулавената маса на Апасиев и Мицковски. Конечно, планот со лажниот атентат пребрзо падна во вода, толку бргу што мораше сѐ што постои како документ за настанот да се брише а медиумите да имаат моментна амнезија во однос на овој каубојски инцидент.

Капак на сѐ што се случи таа вечер даде градоначалничката Арсовска која експресно, на полноќ, донесе решение за разрешување на братот на наводниот атентатор од позицијата на директор на Комунална хигиена. Со тоа се создаде ненадејно нова, непредвидена ситуација на која не се сметало – посебно порталите, кои реагираа кога во миг го осудија овој чин, тврдејќи дека тој чекор не е заснован на потребна процедура. Иако, токму тие портали, во случајов, секако знаат дека процедурата никогаш не била силна страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Мораше да следи втор чин, секако непредвиден од сценаристот на овој настан. Кај Мишко Иванов, во емисијата „Студио 10“ следното утро. Рано посабајле, се нацрта потпретседателот на Алијансата и градоначалник на Гостивар Таравари, кој навидум жолчно ги раскина сите коалициски договори со Мицковски. Најнапред во Градското собрание на Скопје (каде имаат два гласови, но во некои околности и тие може да бидат битни), но потоа додаде, за да биде поуверлив, дека коалиција со црвено-црните нема да има во сите општински совети каде се заедно овие партии! На прашање на водителот дали коалицијата ќе се наруши и во републичкото Собрание градоначалникот рече дека тука тие партии и немале заеднички настапи. Бре, немале? Немало кој да го праша како гласаа двете партии кога требаше да се соборува владата на Ковачевски зимоска? Беа обединети, да потсетиме. Или како го прифаќаат бојкот на собраниските тела во изминатите месеци? Добро, за тоа немаше прашања од Иванов, па така водителот би ги минал своите „црвени линии“.

Како го објасни својот настап контра Арсовска, односно ВМРО-ДПМНЕ, гостинот Таравари? Па со тоа дека претходните денови колоната демонстранти на поминување од просторот пред Владата кон МНР го оштетувала тукушто реновираниот објект на хотелот „Кока“ (старата стоковна куќа Илинден). Ниту еден прилог, барем фотографија, не покажа кои се тие оштетувања на хотелот и дали ги имало! Потоа, се повторуваше дека наоколу имало 50 кафулиња, но оној кој највеќе ги загрозија животите на муштериите во кафулињата се оние со пиштоли во рацете (а се слушнаа и истрели) – имаше тројца пиштолџии од кои еден се покажа дека носел лажно оружје. Од МВР тоа јасно го кажаа следниот ден на утринскиот прес.

Да прескокнеме ден-два по наводното заострување на односите меѓу Алијанса и македонската опозиција дојде, сосема очекувано, со повторно вклучување на семејството Кока односно партијата на Села во кадровскиот карусел на Арсовска: за директор на Комунална хигиена е назначена Косана Мазнева од кампот на Мицкоски, ама нејзина десна рака (шеф на кабинетот) ќе биде Јусуф Енуз. Овој пресврт никој не го коментираше, освен портпаролот на СДСМ! Бламажа, срам, дибидус паѓање на политичкото дно во кое се виде дека настанот од плоштадот Скендербег од 6 јули може само да е планирана фарса…

Да, секако, американските филмови што говорат за вакви обиди кога некој губитник во политичките дуели сака да направи пресврт во својата деспаратна кариера одеднаш, преку себепретставување како жртва на насилство во очите на јавноста, јасно посочуваат како тоа се прави. Првиот начин е лицето кому му треба такво сценарио да се согласи играта да ја направи поуверлива, па да дојде до трик крварење, баш онака филмско, со користење на наводна медицинска екипа, па лажно спасување од медицински тим кој е подготвен да биде некаков актерски тим… Втората е посурова варијанта – истрелот (истрелите) да се вистински и лицето да биде погодено. Со снајпер, во чиста ситуација а по можност на место кое не е смртоносно по жртвата. Или во други филмови има сценарио дури и атентатот да е целосно успешен, ама некој од таа ситуација да има политички профит  (партијата на убиениот односно нарачателот на убиството, кој дури и нема да биде видлив цело време).

АРСОВСКА Што не кажувате за вакви работи како што се атентати!

Ова би било секако премногу за Мицковски, кој сака сѐ да изгледа како атентат, ама тој да не биде загрозен ни случајно. Ефектите да се како пукотниците да биле насочени кон него, ама тој да е на безбедна далечина и без сериозна намера воопшто да биде таргетиран!

Да потсетиме дека на денот кога на Мицковски не му успеа обидот во парламентот да обезбеди мнозинство (11.11.2021) и покрај долгите подготовки и кога многумина од прелажаните имаа да му постават некои прашања, непријатни по него, секако, тој замина во една болница за да му вадат масно ткиво. Даде селфи во медиумите како лежи гол до појас на операциона маса и тоа требаше да биде некаков супститут за негова здравствена загрозеност, во стилот „немојте сега да ме тормозите, имаме проблеми“. Нешто како фото-амнестија! Во една поминијатурна ситуација од атентатот, ова гостување кај лекарите беше показател на што сѐ е подготвен лидерот на најголемата опозициона партија кога се работи за доаѓање на власт со сите можни средства освен со оние кои се дозволени со чиста и чесна политичка борба.

Коалицијата со Алијанса веднаш се воспостави – видовме дека Села не дојде да гласа во Парламентот за Заклучоците кои се битни за преговарачкиот процес со Бугарија. Како и неговите актуелни политички пријатели во Парламентот…


Извор: ГЛОБУС

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ