„Ја сакам Македонија. Сакам да има правила и ред. Луѓето да се сакаат да се дружат едни со други#, вели еден кумановец на прашањето на ЦИВИЛ Медиа „Каква Македонија сакате?“.
Генералниот впечаток од разговорите со граѓаните е дека сите ја гледаат иднината на Македонија преку почитувањето на различностите, владеењето на правото и задржувањето на младите во земјата.
„Убава како што е. И уште подобра по тоа како течат работите. Мислам дека Македонија ќе биде уште подобра!“, вели еден граѓанин.
Друг пак сака „Граѓанска Македонија, во која сите националности ќе имаат еднакви права. Да се почитуваат меѓусебно и да бидат сите задоволни!“
„Мојата Македонија да биде убава. Сите регионални патишта да се направат, да има зеленило. Да се подобри инфрастуктурата. Сакам европска Македонија!“, вели уште еден кумановец.
„Македонија да е добра! Да има плата, да има работа за младите. Тоа, друго ништо не сакам!“, вели нашиот соговорник.
Друг граѓанин вели дека сака Македонија во која ќе има поголема безбедност, каде ќе функционира законот. „Живеам на запад, но би сакал да имам некаква надеж за еден ден повторно да се вратам. Толку. Ништо повеќе не сакам!“, вели тој.
Анкетата е дел од проектот „Акција – Интеграција“ којшто ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, посветен на промоција на европските и зелените вредности, демократските вредности и антинационализмот.
Ариан Мехмети
Камера: Ангела Петровска