„Преку ноќ општиот концензус да се подdржи СЈО згасна. Кој знае да ми каже, кој одлучи и кој има право, јас мислам дека никој нема право да го згасне. Тоа може да заврши само со закон, па да се најде солуција. Судбината со СЈО беше врзана апсолутно со името на Катица Јанева.
Не сакам да се фалам дека јас го кажав прв, но и други знаевме каков обвинител беше Јанева. Тоа беше важно за во иднина да се води сметка за кандидатите за вакви функции, да бидат со интегритет што носи гаранции“, изјави професорот Гордан Калајџиев на јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство.
А. З.