• Latest

Камала Харис повика на крај на војната во Газа без израелска окупација

September 18, 2024

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Камала Харис повика на крај на војната во Газа без израелска окупација

September 18, 2024 10:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатката за претседател на САД, Камала Харис, повика на прекин на војната меѓу Израел и Газа и изјави дека Израел не треба повторно да ја окупира Газа.

Во говорот во Филаделфија пред Националното здружение на црни новинари, таа повика на прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на палестинската исламистичка група Хамас. – Ова мора да биде проследено со решение со две држави и стабилност на Блискиот Исток на начин што нема да го зголеми влијанието на Иран, додаде таа.

– Јасно ставивме до знаење дека овој договор мора да биде направен во најдобар интерес на сите во регионот, рече американската потпретседателка, одговарајќи на прашања од тројца новинари.

Најмалку 41.252 луѓе се убиени, а 95.497 се ранети во израелската офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, според здравствените власти во Газа. Војната започна на тој ден кога Хамас го нападна Израел, убивајќи 1.200 луѓе, главно цивили, а земајќи околу 250 заложници.

Харис, исто така, го нападна републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговите запаливи забелешки за мигрантите во Спрингфилд, Охајо и други теми. Таа ги повика американските гласачи да се уверат дека тој „нема да може повторно да зборува на тој микрофон“

Харис додаде дека е скршена од заканата за насилство во градот по коментарите на Трамп и неговиот изборен штаб. Претседателскиот кандидат на Републиканската партија, без да обезбеди докази, тврди дека имигрантите киднапираат и ги јадат миленичињата на луѓето.

Два дена откако агентите на Тајната служба спречија обид за атентат против Трамп, кој ја обвини демократската реторика за најновата закана по неговиот живот, Харис рече дека „има премногу луѓе во нашата земја во моментов кои не се чувствуваат безбедни“.

Таа ги спомна заканите за имигрантите, но и конзервативниот Проект 2025 за следната републиканска администрација и напорите за ограничување на пристапот до абортус.

„Не секој ја има Тајната служба“, рече таа. „Членовите на ЛГБТК заедницата не се чувствуваат безбедно во моментов, имигрантите или луѓето со имигрантско потекло не се чувствуваат безбедно во моментов. Жените не се чувствуваат безбедно во моментов“.

Потпретседателката нагласи дека таа лично има доверба во Тајната служба и се чувствува безбедно под заштита на агенцијата за политички надзор. Вчера, таа имаше краток разговор со Трамп, за време на кој рече дека и е мило што поранешниот претседател е безбеден.

извор МИА / фото: принтскрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ