• Latest

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025 21:49
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ спроведе сеопфатен долгорочен мониторинг на локалните избори во првиот круг на 19 октомври и – два часа по затворањето на избирачките места – излезе со прелиминарна оценка на изборниот ден.

Изборниот ден започна мирно и навреме, со ограничени технички доцнења и поединечни проблеми со фингерпринт-апаратите на голем број локации низ целата земја. По 15 часот се бележи интензивирање на партиските активности, пораст на пријави за организиран превоз, притисоци, како и поединечни случаи на сомнежи за поткуп. Според прелиминарната оценка на ЦИВИЛ, изборниот ден во целина помина мирно и регуларно, а гласачите имаа можност слободно да ја изразат својата волја.

Сепак, изборниот ден беше исполнет со извештаи за низа пропусти, како и нерегуларности и слабости што се бележат и на голем број претходни изборни процеси.

Главни наоди од мониторингот: Технички и организациски слабости

Доцнење и технички проблеми

ЦИВИЛ бележи доцнење при отворањето и проблеми со фингерпринт апаратите во повеќе општини: најмалку во пет општини се доцнеше со отворање на избирачките места, додека проблеми со фингерпринт апаратите се бележат практично насекаде во земјата, вклучително и во Битола, Кавадарци, Кичево, Шуто Оризари, Аеродром, Сарај, Прилеп, Тетово, Чаир, Бутел, Кисела Вода, Центар и низа други.

Пристапност на избирачките места

ЦИВИЛ остро реагира на неуспехот на изборната администрација да ги направи сите избирачки места пристапни. Неразбирливо е зошто некои избирачки места се наоѓаат на горниот кат од установите каде што се одвива гласањето, иако има простории и на приземјето од тие објекти.

Кршење на изборниот молк

Кршењето на изборниот молк е со толкави размери што изгледа како да не постои законска забрана за спроведување пропагандни активности. Како на социјалните мрежи, така и во дел од интернет медиумите, но и во физичкиот простор – партиски функционери, па и лидери, кандидати и активисти не престанаа со кампањата во текот на изборниот молк кој, според законот, настапи в петок на полноќ.

Притисоци

Освен со промотивни објави, дел од политичките актери вршеше и директни притисоци врз гласачите. Така, тимот на ЦИВИЛ пресретна една порака што им била упатувана на „оние што чекаат за вработување“ со барање секој од нив да ја изрази својата поддршка за кандидатите на партијата – за време на изборниот молк.

Организиран превоз и притисоци се бележат особено по 15 часот речиси во сите поголеми општини низ земјата.

Изборен поткуп

ЦИВИЛ бележи најмалку еден случај кој вклучува сериозни индиции за поткуп на гласачи во општина Гази Баба. Организацијата ќе го истражи овој случај подетално и ќе излезе со конечен извештај во врска со наводите за изборен поткуп.

МВР уапси две лица во Прилеп под сомнение дека извршиле изборен поткуп.

На адреса на ЦИВИЛ пристигнаа повеќе граѓански пријави за изборен поткуп на повеќе места низ земјата, но организацијата не беше во можност да ја верификува точноста на тие пријави.

Попречување на работата на набљудувачите и новинарските екипи

ЦИВИЛ остро протестираше против попречувањето на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ во неколку случаи, вклучително во Скопје, Кичево, Штип и Тетово.

Иако најголемиот дел од избирачките одбори совесно ја извршуваа својата работа, сепак, овие инциденти упатуваат на долгогодишна неподготвеност или намерно попречување на граѓанските набљудувачи.

ЦИВИЛ нотира попречување на работата и на неколку новинарски екипи.

Избирачки список

Квалитетот на Избирачкиот список повторно беше доведен под знак прашање по повеќекратни граѓански пријави од целата земја за починати лица кои фигурираат како гласачи. ЦИВИЛ обработи седум случаи во кои се нотираат починати лица во Избирачкиот список.

Оценка за интегритетот на изборниот процес до 19:00 часот

Наодите на ЦИВИЛ упатуваат дека, и покрај стабилниот тек на изборниот ден, клиентелистичките практики, политизацијата на изборната администрација и неказнивоста за нерегуларностите и понатаму претставуваат системски предизвик за изборниот интегритет.

На национално ниво, гласањето се одвиваше без системски прекин, со локализирани нерегуларности и технички проблеми, но и со низа посериозни слабости и нерегуларности, вклучително и изборен поткуп.

Гледано во целина, институциите функционираа во рамките на своите законски надлежности, иако јасно се забележува потребата од посериозно надминување на „критичните пропусти“ што се повторуваат за време на повеќе изборни процеси.

Пред крајот на изборниот ден, ЦИВИЛ излезе со препорака и едукативна содржина упатена до избирачките одбори строго да се придржуваат кон упатствата за валидност на ливчињата („важечко е секое ливче од кое недвосмислено се утврдува волјата“), со оглед на искуството од претходните изборни процеси кога се бележи сериозна недоследност во третирањето на гласачките ливчиња.

ЦИВИЛ нагласува дека изборниот интегритет не се мери само според денот на гласање, туку и според целокупниот контекст – од транспарентноста на институциите и независноста и професионалното ниво на медиумите, до еднаквите можности на кандидатите и довербата на граѓанките и граѓаните во изборниот процес.

ЦИВИЛ ќе продолжи со мониторингот и анализа на процесот на броење и објавување на резултатите, како и на евентуалните реакции и постизборни активности на политичките актери. Финалната оценка и препораки ќе бидат презентирани по завршување на сите активности поврзани со првиот круг на локалните избори.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ


ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ