• Latest

Камчев и ВМРО-ДПМНЕ во гобленот „Бугарска врска“

August 9, 2023
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Камчев и ВМРО-ДПМНЕ во гобленот „Бугарска врска“

August 9, 2023 12:32
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Неодамна бугарските медиуми укажаа на одредени врски на биснисменот Орце Камчев со високи бугарски политички претставници, некогашните министри за надворешни работи и за одбрама Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, кои во 2018 достaвија предлог до македонската влада бизнисменот да биде прогласен за почесен конзул. Предлогот беше одбиен зашто тогашната Влада и премиерот Зоран Заев укажаа дека против Камчев се покренати повеќе истраги.

Ова Бугарската јавност го оцени како петно на бугарската надворешна политика имајќи го предвид најновиот развој на настаните со кои Камчев се најде на црната листа на САД, а во нашата земја се постави како прашање дали овој „случај“ во Бугарија може да се пренесе и во Македонија ако се има предвид дека Камчев бил еден од финансиерите не ВМРО-ДПМНЕ.

Одговор на ова прашање побаравме од аналитичарот Петар Арсовски.

– Случајот секако е тесно поврзан со македонската домашна политика, а не само со бугарската надворешна политика. Имајќи ги предвид наводите за поврзаност со политички партии, таквата спрега, ако се докаже, ќе има значително влијание врз домашната политика, но и на односот на маѓународната заедница кон политичките партии кои би биле вмешани во евентуални незаконски дејства, или пак дејствувале во спрега со надворешни фактори. Сепак, за такви сериозни тврдења, потребни се и сериозни докази – на нашите домашни институции останува обврската тоа да се истражи и евентуално документира соодветно, изјави за Рацин.мк аналитичарот Арсовски.

Дополнителната анализа секако би отворила дополнителни заклучоци доколку индициите за конекциите во овој случај, ако се има предид дека најлгасните заговорници на блокадата на Македонија во евроинтеграцискиот процес (Захариева и Каракачанов) биле во спрега со ВМРО-ДПМНЕ која негува антибугарска идеологија и ја блокира интеграцијата меѓу двете земји. Уште повеќе ако се знае, според признанијата на Мицкоски, дека Камчев финансиски ја поддржувал оваа партија.

Ова изгледа контрадикторно, но поттикнувањето на радикализацијата на двете страни им оди во прилог на оние што не сакаат сега да се решат македонско-бугарскте односи.

Нашиот соговорник Арсовски вели дека „не е голема тајна дека Камчев ја помагал ВМРО ДПМНЕ“.

– Дел од предметите на тогашното СЈО, впрочем, беа за тоа. И не е забрането да се поддржува некоја партија, под услов тоа да се прави законски, и по соодветните канали. Проблемот е дали со таквата поддршка Камчев влијаел (во овој случај во насока на бугарските интереси) на политиките на партијата. Во моментов за тоа постојат само шпекулации – ако тоа се докаже, тоа би имало далекусежни последици за целата политичка сцена, укажува Арсовски.

Очигледно е дека финансирањето на политичките партии или високи политички лидери на двете од страна на корумпираните бизнис елити од лукративни или политички мотиви како нус појава, има сериозен потенцијал да ги нарушува односите меѓу двете земји, во овој случај меѓу Бугарија и Македонија. Тоа беше и еден од мотивите на Вашингтон да укаже, предупреди и санкционира актери на вакви коруптивни дејствија заради безбедносните аспекти во регионот и заради заканите и блокадата на процесите кои што во интерес на стратешките партнери на земјите од регионот (САД и ЕУ).

– Целиот регион е особено подложен на бизнис-политичко-партиски влијанија, и тоа надворешните земји кои имат интерес за дестабилизиација на Балканот секако добро го знаат и беспоштедно го користат. Сепак, проблемот е во недостатокот на капацитет на домашните институции да се спротистават на оваа пракса. Перманентната политичка криза ги девастира овие капацитети. Се додека не ги одвоиме овие служби од дневна политика, ние сме осудени да бидеме „гоблен“ за надворешни влијанија, истакна во кусиот разговор за Рацин.мк аналитичарот на политичките процеси во земјата и регионот Петар Арсовски.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЗахариеваКамчевКаракачановМицкоскиФактор.бг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ