Орце Камчев, кој денеска сведочеше во судењето предметот “Меѓународен Сојуз”, призна дека името на премиерот Зоран Заев било злоупотребено од обвинетиот Бојан Јовановски. Камчев во неговото сведочење вели дека се убедил дека Боки13 немал подршка од Владата и дека само се фали со слики заедно со премиерот.
“Кога дојдоа Јовановски со Милевски, кога беше претставен договорот на маса, истиот договор беше условен дека со помош на министерството за труд и социјална политика, каде има сериозни врски, ќе биде одбрана локација. Го прашав за Охрид, Струга и Битола, и ми рече дека се зафатени, за Дојран дека ќе проверел, а од Карпош е блокиран. И, сето тоа за неговата моќ која ја имал во Меѓународен сојуз, и со сите политичари, дури и ми се фалеше со слики со премиерот, дека 20% за третман на пациенти ќе бидат субвенционирани од министерството. Во договорот беше злоупотребена или изманипулирана власта, и затоа јас го откачив, а потоа се случи тоа што се случи”, изјавил Камчев пред судот.
А. Зеќири