Полицијата по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.
Според информации на МИА, наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларијата на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка.
Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.
Телевизиски екипи ги покриваат домот на Јанева, Специјалното јавно обвинителство и зградата на ЈОРМ.
Во моментов Јанева се наоѓа во зградата на СЈО под силна полициска придружба.