• Latest

Кандидатите го трчаат последниот круг пред џума

October 27, 2017

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кандидатите го трчаат последниот круг пред џума

October 27, 2017 12:16
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Рече Алаховиот Пратеник, с.а.в.с. ’На секој човек кој ќе се искапе во петок, се исчисти колку што може, и се намириса во својата куќа, потоа тргне во џамија без да вознемирува некого и го клања она што Алах му го пропишал, и молчејќи го сослуша имамот додека зборува, ќе му биде простено она што се наоѓа меѓу тој ден и следниот петок“.  (Бухарија)

Пишува: Дијана Тахири

Денес е петок, ден на џума, два дена пред гласањето на вториот круг од локалните избори во Република Македонија. Очекувам дека во недела, гласачите ќе бидат свежи, свесни за својот избор и последиците од изборот, и полни со позитивна енергија којашто ќе се одрази во заокружувањето на бројот на кандидатот што, според нив, е најдобриот избор за управување со општината во која живеат, а со тоа, и со нивниот живот.

Шпанската серија од коалиции на локално ниво за придобивки на државно ниво, или ако сакате поинаку, новите „неверојатни„ љубовни афери помеѓу довчерашните непријатели, имаат големи шанси да прераснат во најголемото собрание на најчистите и најискрените и најдобронамерните кандидати во изборната историја на Македонија. Навистина, малку ми личат како да ги удрила тешка опортунистичка амнезија (им се извинувам на поупатените што измислив нов термин за амнезија, ми беше потребно за – според мене – точен опис на психичката состојба на кандидатите), така што ќе биде интересно да се следат, откако ќе излезат од таа состојба.

Би било добро денес, сите кандидати, партиски лидери и партиски фаланги, од сите вери и националности, да побрзаат да одат во џамиите најблиски до нив, и заеднички да го извршат светиот петочен обред, за да бидат подготвени за крајот на денот, на големиот – за нив – Бајрам, денот на изборите. Да не биде дека само за Бајрам одат по џамии, за потоа, да ги слави народот за нивната висока свесност за различностите и придобивките од тие различности, во форма на верско препознавање и признавање на другиот. И секако, пред тоа, да се искапат.

А  колку ќе им потрае свежината од капењето, ќе зависи од  бројноста на собраниот „џемат” и мирисот на нивните души.

Сепак, мислам дека денеска „џамии“ ќе бидат партиските штабови и седишта, во кои ќе се собираат наизменично во текот на денот, сите лично засегнати од исходот на изборите, но не и од нивните избори од нови љубовници. Затоа што го помешале поимот љубов, со пријатели со бенефиции, или во превод „ја те волим, кад ми требаш“, со висока опасност дека на некого, оваа трансакција, од моментална потреба ќе му премине во длабока зависност. Од потреба за понатамошно заедничко капење, и испирање на горчливиот вкус на пост-коалициско освестување и враќање во реалноста.

Во недела е денот на докажувањето на невиноста во колена, на главните протагонисти на овие избори, ден кога ќе се одреди текот на понатамошниот развој на општествено-политичките состојби во земјава. Очекувам дека граѓаните нема да бидат на висина на своите задачи, дадени од партиските братучеди, туку дека ќе бидат со очи свртени кон себе, и на висина на своето достоинство и право на личен и неприкосновен избор. Сериозно.

А сега, трк на џума, и три круга околу џамија!

До недела.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: граѓаникандидатилокални изборинеделапетокРепублика Македонијасветциџамииџума
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ