• Latest

Кандидатки за градоначалнички колку за лек, кампањата продолжува и навечер, ЦИВИЛ со најнови информации

October 6, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Кандидатки за градоначалнички колку за лек, кампањата продолжува и навечер, ЦИВИЛ со најнови информации

October 6, 2021 22:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата незастапеност на претстојните локални избори се забележува и на ТВ дебатите помеѓу кандидатите за градоначалници, продолжуваат претставувањата на партиските кандидати по општините, ЦИВИЛ врши селекција на пријавените краткорочни набљудувачи.

ДЛАБОК РОДОВ ДИСБАЛАНС НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Според статистиките од Државната изборна комисија, бројот на кандидатки за градоначалнички на претстојните локални избори е уште помал од минатите. Од 301 кандидат за градоначалничко место, само 25 се жени, додека застапеноста на жените во советничките листи е видно поголема од таа за градоначалнички места.

Родовиот дисбаланс кај политичките партии е особено видлив за време на изборните процеси, односно во големата разлика на родова застапеност на повисоки позиции на државно политичко ниво. Оваа крајно нееднаква застапеност на жените и мажите на политичката сцена, уште повеќе се забележува кај кандидатите за градоначалници на Локалните избори 2021.

На кандидатската листа за градоначалници на СДСМ за овие избори, од вкупно 69 кандидати, само 5 се жени. Кај ВМРО-ДПМНЕ, од вкупно 63 кандидати, само 3 се жени, кај ДУИ од вкупно 19 кандидати, само една е жена, а ниту една жена не е застапена во листите на  коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива и кај Беса. Кај Левица од вкупно 8 кандидати, 2 се жени, а кај Движењето „Одлучно за промени“ – ЛДП и ДОМ, од 18 кандидати за градоначалници пет се жени. Од вкупно 14 кандидати на листата на ДПА, има само една жена.

Во актуелниот состав на Владата, од 16 министерства, има само 4 министерки, а во Собранието има 47 пратенички наспроти 73 пратеници.

Оваа родова нееднаквост особено се забележува во медиумскиот етер, односно, на дебатите помеѓу изборните кандидати, организирани од ТВ куќите.

Единствената кандидатка градоначалничка на општина Куманово, од редовите на ЛДП-ДОМ (Движењето  „Одлучно за промени“)  Теодора Димитровска, денеска на својот Фејсбук профил се јави со видео пред објектот во кој е сместена ТВ Алсат, а на која се одвивала на ТВ дебата со кандидатите за градоначалник на Општина Куманово, во коешто вели дека и покрај тоа што понудила да стои на нозе, единствено за неа немало место.

ПАРТИСКИ АКТИВНОСТИ

СДСМ

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски и потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, денеска остварија средба со жителите на селото Љубодраг и населените места „Бабин дол“ и „Вера Которка“. Илиевски вети изградба на канализациска, водоводна мрежа и реконструкција на улици и патишта.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата за Куманово, Оливер Илиевски денеска се сретна со цртачи на графити, на кои им вети слободни локации за цртање во населбите од градот и современ кеј со амфитеатар, каде креативците ќе можат да го презентираат потенцијалот.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вечерва пред сограѓаните го презентираше сработеното во изминатите четири години и ги најави новите проекти.

ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за општина Зелениково, Коста Маневски, вечерва на митинг истакна дека гарантира нови инвестиции за нови работни места, развој на туризмот, спортска и здрава општина без депонии, како и секогаш да биде достапен за секој еден граѓанин на општината.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски вечерва на митинг најави дека Илинден ќе добие нов стадион, нов здравствен дом, зголемување на зелената површина, детски паркови во сите населени места, дневен центар за лица со попреченост, поддршка за бизнис секторот, финансиската поддршка на младите брачни парови за секое новороденче и многу други проекти за граѓаните.

ЛДП-ДОМ

Коалицијата „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП вечерва во Штип го промовираше кандидатот за градоначалник, Ванчо Санев и советничката листа, чиј носител е Мартин Каровски.

Кандидатот за градоначалник, Санев истакна дека коалицијата на ДОМ и ЛДП се претставува со најдобрите и најквалитетни кандидати за советници, а меѓу нив електро и градежни инженери, информатичари, обични луѓе, кои секојдневно се среќаваат низ градот.

ЗГХ

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Ана Петровска вечерва на прес конференција посочи дека Расадник во Кисела Вода е нападнат од урбана експанзија, неколку пати има обид да се бетонира, на него да никнат големи згради, да се спречи природното проветрување, односно да се уништи овој простор. Таа истакна дека општината има намера да усвои детален урбанистички план кој според неа ќе значи уништување на зеленилото.

ДУИ

Кандидатот за градоначалник на Општина Боговиње, Бесник Емшиу и носителот на листата со советници Илир Елези од ДУИ, вечерва на централен митинг ја претставија програмата која се нуди пред гласачите. На митингот присуствуваше и дел од партиското раководство предводени од претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ИНТЕГРА

Лидерот на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, Љупчо Ристовски вечерва во Битола, претставувајќи ја програмата на партијата за претстојните локални избори, изјави дека ќе вршат притисок за промена на законската регулатива за енергетика, а со цел секое семејство да може на кровот на своето живеалиште да добие лиценца за микротрговци на електрична енергија до 50 киловати.

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЦИВИЛ

 

АПЛИКАЦИИ Денеска ЦИВИЛ  им испрати одговори на сите заинтересирани за краткорочно изборно набљудување. Воедно, денеска и утре организацијата ќе поднесе документација за акредитирање во Државната изборна комисија.

ОБУКИ Во текот на утрешниот ден, организацијата ќе објави и датуми за обуките за изборните набљудувачи. Сите членови, поддржувачи, соработници и набљудувачи на ЦИВИЛ се повикуваат редовно да ги следат рубриките АКЦИЈА, ИЗБОРИ, МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.

ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ На 14 октомври ЦИВИЛ ќе одржи презентација на наодите и анализите од изборниот мониторинг за јавноста и за медиумите. За точното време и форматот на настанот деновиве ќе бидат објавени дополнителни информации.

АНГАЖМАН И СОРАБОТКА Отворен е повик за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на civil.mk@gmail.com.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ