• Latest

Канонада од вистински прашања и вистински одговори

September 3, 2019

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Канонада од вистински прашања и вистински одговори

Македонија е карикатура на демократијата... Попречување на правдата со злоупотреба на функцијата... Преговорите треба да почнат, но не затоа што се исполнети критериумите... Зошто се потрошени само 103,4 од 422,2 милиони евра што се на располагање за капитални инвестиции?... Талент... Која битка ја бие ВМРО?... Министерката не знае...

September 3, 2019 10:53
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ

МАКЕДОНИЈА Е КАРИКАТУРА НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Во оваа „правна“ држава СРМ изгледа не случајно поранешниот премиер беше осуден откако замина од власт, додека другиот се ослободи откако дојде на власт.

Сега, по сѐ изгледа, постои можност и судењата на СЈО да бидат „разрешени“ заедно со  Катица Јанева.

Според тоа, испаѓа дека во право е познатиот хрватски интелектуалец Жарко Пуховски кој смета дека „Македонија е карикатура на демократијата на сите земји создадени на подрачјето на поранешна Југославија“.

ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА СО ЗЛОУПОТРЕБА НА ФУНКЦИЈАТА

Грубо пројавување на попречување на правдата претставува случајот кога некој, злоупотребувајќи ја функцијата, на својот сопартиец му овозможува, како обвинет, да не се појавува на судско рочиште.

ПРЕГОВОРИТЕ ТРЕБА ДА ПОЧНАТ, НО НЕ ЗАТОА ШТО СЕ ИСПОЛНЕТИ КРИТЕРИУМИТЕ

Неочекувано, токму Едуард Кукан, после долго време, излезе да нѐ потсети дека „Северна Македонија со години наназад ги исполнува критериумите“ за отворањето на пристапните преговори.

Невозможно е г. Кукан да заборавил во која состојба дојде РСМ „исполнувајќи ги критериумите со години наназад“, кога се знае  дека тој лично активно учествувал таа состојба да се надмине. Сигурно не заборавил што во своите извештаи напишаа г. Рајнхард Прибе и Питер Ванхауте за состојбата во која државата се најде во 2015 година и од која и ден денес сѐ уште не може да излезе.

За Албанија кажува дека „тие мора да спроведат огромна судска реформа“. Тие спроведуваат ВЕТИНГ во судството, па сепак не им помага многу.

Г. Кукан, Р.С. Македонија и Р. Албанија треба да ги почнат преговорите, не за тоа што со години наназад ги исполнувале критериумите, туку, напротив, за тоа што и со години нанапред, без директно учество и контрола на ЕУ, критериумите што се бараат, нема да ги исполнат.

ЗОШТО СЕ ПОТРОШЕНИ САМО 103,4 ОД 422,2 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО СЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ?

По повод изборот на министер за странски инвестиции, потребно е да се каже дека истиот министер има можност и потреба да се ангажира и за координација и контрола на домашните капитални инвестиции, посебно на оние што се финансираат од буџетот.

Од поодамна е познато дека од година во година планираните капитални инвестиции тешко се реализираат. Пред некој ден, ДЗС објави податоци дека, заклучно со месец јули, потрошени се само една четвртина од парите предвидени за оваа намена (103,4 милиони евра), односно за патишта, канализации, енергетски објекти, гасификација и сл. За цела година има на располагање 422,2 милиони евра.

Минатата година ситуацијата беше скоро иста. Заклучно со септември беа потрошени само една третина од парите планирани за цела година. Заменик Премиерот Анѓушев при тоа објаснуваше дека интензитетот ќе се зголеми во текот на зимските месеци.

Ангажирањето на новиот министер и на оваа проблематика сигурно нема да влијае негативно во привлекувањето на странските инвестиции.

Треба да се истакне и тоа дека одговорноста за слабостите во реализацијата на капиталните инвестиции не треба да се бара во министерството за финансии, туку во ресорните министерства и други надлежни владини институции на кои, очигледно, им недостига потребниот административен капацитет.

ТАЛЕНТ

Не може никој да му го оспори талентот на тој во владата на Заев што го изумил називот “Министер без ресор: задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија”.

Сепак останува нејасно дали намерно странските претпријатија се оставаат да работат во неподобрена инвестициска клима. Или, можеби, Заев и за нив ќе најде некоја алтернатива од партијата АЛТЕРНАТИВА.

КОЈА БИТКА ЈА БИЕ ВМРО?

Исклучена е било која можност за било каков компромис со ДУИ и со ВМРО за закон за јавното обвинителство, доколку со него од натамошно гонење за криминал и корупција не бидат ослободени сите нивни членови. Оваа битка ВМРО ја бие, според премолчен договор, и за ДУИ, која и во Собранието и со своите судии повеќе пати ѝ се оддолжува.

МИНИСТЕРКАТА НЕ ЗНАЕ

Министерката не знае дека не е надлежна да дозволува и да не дозволува. Таа е должна да го извршува буџетот како што го усвоил Собранието.

 


илустрација: Винсент Ван Гог – „Стари чевли“ (1886)

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ