Демантот на ВМРО-ДПМНЕ и целодневниот обид на членовите на партијата да докажат дека не се Бугари, според поседувањето на бугарски пасош, туку дека сите до еден од ВМРО-ДПМЕН се Македонци, резултираше министерот за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов да ја дообјасни својата порака на Фејсбук.
Како што пренесува Слободен печат, Каракачанов, екслузивно за македонскиот портал трибуна.мк, изјавил дека никаде не се спомнува ВМРО-ДПМНЕ, ниту дека имињата што фигурираат на списокот се функционери или пратеници од партијата.
„Не сум рекол дека тие се пратеници, но од ДПМНЕ се препознаа. Секој може да влезе во избирачките списоци во Бугарија и да види дали тие имиња ги има таму. Тоа не е тајна информација и секој може да ја провери. Повторувам дека не тврдам дека тие имиња што ги објавив се пратеници или функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но морам да кажам дека во избирачките списоци за претстојните избори во Бугарија има уште многу интересни имиња. Секој кој што сака да се позанимава истите може да ги види објавени на интернет од страната на Централната избирачка комисија без никаков проблем“, вели Каракачанов.